Направете брз и здрав домашен сладолед со само три состојки

Фото: Unsplash
1.576

Како и со речиси сите рецепти, основниот рецепт можете да го збогатите и да го надополните со она што веќе го имате дома. Путер од кикиритки, мелени лешници, ореви или дополнително овошје, изборот е бесконечен и останува на вас.

Кога е топло, сакаме да јадеме и да пиеме нешто ладно и освежително. А нема многу работи кои ладат подобро од сладолед! Ако сакате малку поздрава верзија одовој замрзнат десерт, направете го сами. Комбинации и рецепти за домапем сладолед има безброј, но доколку немате машина за сладолед и не ви се оди во продавница на овие температури, секогаш можете да комбинирате некои од состојките кои веќе ги имате дома. Во продолжение имаме еден таков едноставен и брз рецепт за домашен сладолед од банана и јогурт.

Секако, како и со речиси сите рецепти, основниот рецепт можете да го збогатите и да го надополните со она што веќе го имате дома. Путер од кикиритки, мелени лешници, ореви или дополнително овошје, изборот е бесконечен и останува на вас.
За почеток, односно, за основниот рецепт ќе ви требаат три банани. Исечете ги на тркалца и ставете ги во замрзнувач да се замрзнат. Доколку сте нетрпеливи, можете да користите свежи банани и подоцна да ја замрзнете смесата. Кога ќе го добиете кремот од банана и јогурт, поиграјте си со дополнителни состојки: ставете една лажица путер од кикиритки, неколку боровинки, грст мелени лешници… Но, и да немате ништо дополнително, овој сладолед е вкусен и освежителен дури и во својата основна верзија.
За овој рецепт ви е потребен само блендер и евентуално, калапи за сладолед.

Ова се состојките што треба да ги подготвите:

3 банани
150 гр грчки јогурт
2 лажици мед
додатоци по желба

Приготвување:

Ставете ги замрзнатите парчиња банана во блендер. Додадете грчки јогурт и две лажици мед и изблендирајте. Можно е тврдите банани да бидат тешки за блендерот, па повремено можете да ги туркате кон ножевите со дрвена лажица. Се разбира, претходно исклучете го блендерот. Кога ќе добиете густа и кремаста смеса, можете да додадете една лажица путер од кикиритки, какао во прав, една рака боровинки… Што и да имате при рака. Кремот е веќе ладен, па можете да го послужите во чинии и да го прелиете со нешто, но подобро е да го префрлите во калапи за сладолед и да го ставите во замрзнувач уште час до два. Доколку немате калапи, смесата замрзнете ја во пластична кутија.

Смесата можете да ја направите без претходно да ги замрзнете бананите, но потоа задолжително добро да ја замрзнете пред да ја консумирате.