Хипертензијата се смета за тивок убиец, а од неа страдаат голем број луѓе. Високиот крвен притисок бара терапија, но оваа тинктура исто така може да биде корисна.
Зголеменото ниво на крвен притисок негативно влијае на сите органи, а први на удар се мозокот и срцето.
Кога станува збор за вредностите на крвниот притисок кои се сметаат за покачени, критериумите на Светската здравствена организација (СЗО) наведуваат дека вредностите на систолниот крвен притисок поголеми или еднакви на 140 mmHg и/или дијастолниот крвен притисок поголем или еднаков на 90 mmHg , добиени во три последователни, адекватни мерења во текот на 1-3 недели се смета за хипертензија.
Доколку имате висок крвен притисок, многу е важно навремено да посетите лекар за да добиете соодветна терапија.
Земањето лекови што ви ги препишал вашиот лекар е најдобриот начин да се држи под контрола високиот крвен притисок, а луѓето често користат природни лекови за оваа намена.
Така, билните чаеви и тинктури станаа незаменлив дел од терапијата за оние кои боледуваат од хипертензија, а ние ви пренесуваме еден од рецептите што се користи со години.
За оваа тинктура потребни ви се половина литар алкохол (96%) во кој треба да ставите 5 лажици цветови од глог. Шишето треба цврсто да се затне, да се протресува еднаш дневно и да се исцеди по 10 дена.
Од вака добиената смеса земајте 20 капки еднаш дневно со малку вода.
Освен за висок крвен притисок, овој лек е добар и за смирување на срцето, како и за несоница, а за овие потреби треба да пиете 40 капки навечер пред спиење, исто така разредени со малку вода.