Народен лек за ишијас: 4 чешниња лук во чаша млеко

Фото: Pexels
77

Околу 80 отсто од луѓето без оглед на возраста во еден момент од животот доживуваат неподнослива болка во грбот

Статистиката покажува дека неподносливата болка во грбот е на врвот од листата на причини поради кои луѓето ги пропуштаат своите работни денови. Околу 80 отсто од луѓето без оглед на возраста во еден момент од животот доживуваат неподнослива болка во овој дел од телото.

Еден вид болка во грбот, ишијас, е особено болен и се јавува поради притисок или иритација на еден од петте ‘рбетни корени на нервите кои заедно го сочинуваат ишијадичниот нерв.

Поблагите форми на ишијас обично исчезнуваат сами од себе, но за потешки случаи, често можат да помогнат народните лекови. Еден од попопуларните рецепти за ублажување на симптомите е млекото со лук. Звучи необично, но луѓето се колнат дека функционира.

Рецепт за млеко со лук

Ќе ви требаат: 4 здробени чешниња лук, чаша млеко, мед по вкус

Постапка:

Ставете ги лукот и млекото во тенџерче и доведете до вриење на тивок оган, мешајќи постојано. Кога ќе зоврие, тргнете го од оган, оставете го да се олади и засладете го по желба. Бидејќи лукот ја разредува крвта, не треба да ја пиете оваа смеса повеќе од еднаш дневно, но, велат, дури и тоа е доволно за ублажување на болката.