Состојбата често е предизвикана од консумирање кисела храна како што се вино, кафе или зачинета храна.
Можеби сте слушнале дека пиењето млеко или парче леб помагаат кога го имате она непријатно чувство на киселост што се јавува во грлото предизвикано од стомачни киселини.
Но, мора да ве разочараме. Според д-р Патрик Хајат, специјалист во центарот за жиговина и рефлуксна болест во Медицинскиот центар „Мерси“ во Балтимор, ова се совети што би можеле уште повеќе да ја влошат состојбата.
Жиговина се јавува кога желудочната киселина се враќа во хранопроводот. Често се активира со консумирање кисела храна како што се вино, кафе или зачинета храна. Киселините во овие намирници, во комбинација со желудочната киселина, создаваат многу силна смеса која ве „пали“ додека продира во вашиот хранопровод – објаснува д-р Хајат.
Исто така, прејадувањето може да предизвика жиговина, вели докторот, бидејќи желудочната содржина притиска на езофагеалниот сфинктер (вентил кој се наоѓа на границата помеѓу желудникот и хранопроводот).
„Во кој било од овие случаи, консумирањето леб или млеко само ќе ја зголеми масата во вашиот стомак и ќе го поттикне вашето тело да произведува уште повеќе желудочна киселина“, вели д-р Хајат.