Научниците открија поздрав начин за јадење брокула

Фото: Pexels
112

Со брокулата и другиот зеленчук кои содржат сулфорафан, постои еден трик со чија помош ќе се добијат повеќе здравствени придобивки

Во последниве години, брокулата се здоби со репутација на суперхрана, поради високите нивоа на особено корисното соединение сулфорафан.

Истражувањата покажаа дека ова соединение може да помогне во контролата на шеќерот во крвта и дека има антиканцерогено дејство, што му дава голем потенцијал во спречувањето на ракот.

Сепак, една студија од 2011 година покажала дека има повеќе здравствени придобивки, односно повеќе сулфорафан, во свежиот зеленчук отколку во додатоците во исхраната па оттогаш се трага по најдобар начин за готвење на брокулата за да се зачува нејзината исклучителна хранливост.

Помош од други соединенија

Постои трик со брокулата и други зеленчуци кои содржат сулфорафан.

За да се активира потребна е помош од другите соединенија во брокулата – глукозинолати и ензимот мирозиназа.

И двете се многу чувствителни на топлина.

Затоа, досега се советуваше најдобриот начин за готвење брокула да биде кратко (триминутно) варење на пареа, но се чини дека новите студии пронајдоа маана и во оваа форма на готвење. Затоа, убедливо најголемата количина на сулфорафан што можете да ја добиете од брокулата е ја јадете сирова.

„За жал, студиите покажаа дека вообичаените методи за готвење брокула сериозно го намалуваат количеството на глукозинолати, кои се претвораат во сулфорафан, во зеленчукот, дури и ако само го ставите во врела вода неколку минути. А мирозиназата е исто така исклучително чувствителна на топлина“, велат истражувачите.

Метод: Исечи и остави

Во истражувањето како добар се покажал и методот „исечи и остави“ кој во споредба со јадењето во сирова состојба, е можеби поприфатлив за повеќето луѓе.

За да го активирате сулфорафанот, исечете ја брокулата и оставете ја барем половина час пред (накратко) термички да ја обработите.

На овој начин, количината на сулфорафан во брокулата нема значително да се промени.

„Брокулата која веднаш била сварена имала 2,8 пати помалку сулфорафан од онаа што била оставена да отстои“, заклучил тимот истражувачи.

Тие додале и дека за истражувањето исечканата брокула била оставена да стои 90 минути, но дека е доволно и половина час.

Ако немате толку време, наједноставно е да ја јадете сирова, советуваат истражувачите.