Намирниците кои ги сметаме за здрави, а содржат адитиви како што се ксантан гума, сукралоза и соин лецитин можат да бидат многу штетни за цревниот микробиом, предизвикувајќи гасови, надуеност, промени во цревата и воспаление кое е поврзано со рак, предупредуваат научниците
Вашата утринска чинија житарки и протеински шејк по тренинг може да го зголемат ризикот од развој на рак на дебелото црево. Иако често се сметаат за здрави, овие намирници содржат состојка која сè повеќе ги загрижува научниците: емулгатори.
Адитивите како што се ксантан гума, сукралоза и соин лецитин се користат во храната за да ги поврзат останатите состојки и да ѝ дадат на храната мазна текстура. Сепак, сè поголем број студии покажуваат дека тие можат да бидат многу штетни за цревниот микробиом, предизвикувајќи гасови, надуеност, промени во цревата и воспаление кое е поврзано со рак.
– Хроничното воспаление води до развој на рак на дебелото црево и верувам дека емулгаторите се причина за зголемувањето на бројот на млади луѓе кои страдаат од рак на дебелото црево. Една од работите што драматично се промени во нашиот синџир на снабдување со храна е додавањето на емулгатори – вели д-р Мариа Абреу, претседателка на Американското гастроентеролошко здружение.
Неколку студии претходно предупредија на ризикот што го носат емулгаторите за развој на рак на дебелото црево, а експертите предупредија дека тие дури можат да ја уништат заштитната обвивка на цревата, дозволувајќи им на бактериите брзо да се размножуваат.
Емулгаторите најчесто се користат за врзување на две состојки кои вообичаено не се мешаат – вода и масло. Тие се користат во сè, од свеќи и преработено месо до преливи за салати. Но, ги содржи дури и „здравата“ храна, како што се јогуртот со ниска масленост и протеинските шејкови. Американската администрација за храна и лекови ги смета емулгаторите за безбедни, што значи дека се безбедни за консумирање како адитиви, но лекарите сè повеќе почнуваат да предупредуваат за опасностите што ги претставуваат за здравјето на цревата.
Обрнете внимание на овие шест намирници кои се богати со емулгатори и можат да го зголемат ризикот од рак на дебелото црево.
Протеински шејкови
Лекарите предупредуваат дека многу готови протеински шејкови може да го содржат емулгаторот карагенан (E407), добиен од црвени алги. Обично е скриен на дното од листата на состојки и се користи за да им даде на шејковите погуста конзистенција и да ги задржи состојките заедно додека производот стои на полицата со месеци. Но, неколку студии веќе предупредија за можна врска помеѓу консумирањето на овој емулгатор и ракот на дебелото црево. Ревизија од 2024 година, објавен во списанието Nutrients, откри дека во студија на животни, овој емулгатор предизвикал улцерација и воспаление во цревата и може да ја намали бактериската разновидност. Студија од 2022 година од кинески научници сугерира дека глувците изложени на карагенан имале поголема веројатност да развијат тумори во цревата. Покрај тоа, д-р Абреу предупредува дека изложеноста на овој додаток може да предизвика воспалителни заболувања на цревата, како што е Кронова болест, што исто така го зголемува ризикот од рак.
Путер од кикиритки
Лекарите предупредуваат дека омилениот намаз на многу луѓе е богат со емулгатори наречени моно- и диглицериди, кои се добиени од животински масти и се користат во производството на храна, а многу често и во производството на путер од кикиритки за да се спречи одвојувањето на маслото и масата од кикиритки во тегла или конзерва. Д-р Абреу претходно предупреди дека овие емулгатори можат да предизвикаат рак на дебелото црево, наведувајќи студии кои сугерираат дека тие предизвикуваат воспаление на цревата.
Студија објавена во 2024 година во списанието PLOS Medicine сугерира дека консумирањето на овие емулгатори може да го зголеми ризикот од рак воопшто. По следење на 92.000 возрасни лица во текот на седум години, научниците откриле дека оние кои консумирале повеќе храна што ги содржи овие адитиви имале за 46 проценти поголем ризик од развој на рак на дојка или простата. Точната причина не е позната, но авторите на студијата сугерираат дека нарушувањето на цревата предизвикано од емулгатори предизвикува благо воспаление низ целото тело, што го зголемува ризикот од рак.
Замени за кравјо млеко
Можеби мислите дека изборот на бадемово, соино или овесно млеко е добар потег за вашето здравје, но лекарите истакнуваат дека овие производи може да содржат емулгатор наречен ксантан гума. Се користи за да му даде на производот кремаста конзистенција слична на млекото, но и за да го продолжи рокот на траење на алтернативните млека кои инаку би се расипале во рок од една недела. Иако некои студии ја поврзаа ксантан гумата со здравствени придобивки, како што се губење на тежината и намалување на холестеролот, научниците од Универзитетот во Мичиген открија во студија од 2022 година дека консумирањето на овој емулгатор може да доведе до промени во цревниот микробиом што го отвораат патот за развој на рак на дебелото црево.
– Иако ксантан гумата генерално се смета за безбедна, нашите резултати сугерираат дека нејзината потрошувачка може да го зголеми бројот на бактерии во микробиомот што се хранат со неа. Ова е особено точно за луѓето кои консумираат надпросечни количини на ксантан гума, како што се оние со целијакија и оние на диета без глутен – рекол авторот на студијата, д-р Метју Островски.
Рендано сирење
Без разлика дали станува збор за купечка рендана гауда, пармезан, чедар или моцарела, лекарите предупредуваат дека ренданите сирења може да го содржат емулгаторот карбоксиметилцелулоза. Исто така познат како целулозна гума, овој емулгатор се користи во овие сирења за да ги држи ренданите ленти или трошки одвоени, да го продолжи нивниот рок на траење и да го спречи растот на мувла. Иако овој емулгатор може да изгледа побезбеден бидејќи е на растителна основа, некои експерти велат дека може да биде поврзан со зголемен ризик од рак на дебелото црево и други гастроинтестинални проблеми, како што се надуеност и дијареја. Студија од 2015 година финансирана од Националниот институт за срце на САД открила дека целулозната гума влијае на цревните бактерии, предизвикува воспаление и други промени во цревата и го поттикнува развојот на рак кај глувците. Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се разбере како целулозната гума може да го зголеми ризикот од рак кај луѓето.
Јогурт
Популарните „лесни“ и „фит“ јогурти, грчките јогурти без шеќер и протеинските јогурти често содржат некаков вид емулгатор, главно карагенан, што им дава на производите кремаста конзистенција.
– Нешто во микробиомот се менува како резултат на консумирање емулгатори, а тоа предизвикува хронично воспаление во дигестивниот тракт. Оваа ултра-преработена храна создава многу проблеми во нашиот микробиом. Адитивите како емулгатори во кремаста храна, како што се јогуртите без маснотии и слични производи, навистина можат длабоко да го променат цревниот микробиом, а бројни студии покажаа врска помеѓу микробиомот и ракот на дебелото црево – вели д-р Абреу.
Енергетски плочки
Тие се наменети за зголемување на енергијата, но всушност се богати со емулгатори, вклучувајќи соин лецитин, моно- и диглицериди и карагенан. Овие адитиви помагаат да се постигне мазна и рамномерна текстура со спречување на одвојување на состојки како што се маслото и водата. Соиниот лецитин, додаток добиен од соја, може да ги намали нивоата на холестерол, да го поддржи варењето и да помогне во намалувањето на ризикот од рак. Сепак, моно- и диглицеридите и карагенанот го зголемуваат ризикот од рак. Иако генерално се сметаат за безбедни, експертите предупредуваат дека не треба да се прејадувате со овие плочки, бидејќи имаат ниска хранлива вредност и можат да имаат негативно влијание врз цревниот микробиом.
Текстот е од ТУКА.