Назли-фатми: Ориентални колачи со шербет
Иако се едноставни за правење, може да се случи да не ви успее правењето на формите, но дури и ако не изгледаат совршено, вкусот е фантастичен
Назли-фатми се колачи со богат вкус на путер, парени со шербет кој ќе им даде мекост и дополнителен вкус.
Всушност, направени се од секојдневни состојки, но сепак кога се прават првпат може да имате мал проблем со изгледот.
Состојки:
5 жолчки
4 лажици кисело млеко
2 пецива ,
1 путер
21 лажица брашно
За шербетот:
500 мл вода
500 г шеќер
Приготвување:
Во поголем сад убаво изматете ги путерот и жолчките, додека добиете кремаста структура.
Потоа додајте ги останатите состојки и убаво измесете ја целата смеса.
Поделете го тестото на 15 топчиња.
Секое топче се расукува во коричка. Коричката ја превиткуваме од двете страни кон средината по должина, а потоа два пати по ширина за да добиеме квадрат, па сите 4 агли ги собираме кон средината за да добиеме форма на плик. Ако овој процес на виткање ви изгледа сложено, можете да ги виткате и како триаголници.
(Нашиот прв обид да изгледаат како што треба, очигледно не е многу успешен.)
Ги печеме 15 минути на 200 степени.
Во меѓувреме подгответе го шербетот и оставете го да врие 15 минути.
Назлифатмите извадете ги од рерна и попарете ги со млакиот шербет.