Не е макијато, ниту капучино…Макачино е напитокот кој ќе ве разбуди исто како кофеинот

Фото: Инстаграм
28

Станува збор за напиток во кој главна ѕвезда е коренот мака, чиј вкус одлично оди со млекото од бадем, и какаото, а ако на напитокот му ги додадете и диполнителните адути, можете да добиете вистинска енергетска бомба

Мака е коренеста билка која потекнува од Јужна Америка, а поради лековитите својства ја нарекуваат и жен-шен од Андите. Една од нутритивно најсилните намирници на светот, а поради нејзиното влегување на „голема врата“, консументите во дел од светот ја нарекуваат и „топ билка на деценијата“. Таа е единствена јадлива билка на светот која расте на надморска висина од над 4.400 метри во Перу, кадешто е изложена на екстремни временски услови, па затоа ја црпи и ја складира својата моќ од тлото богато со минерали.

Маката продолжува да се користи како медицинска билка такашто коренот прво се суши, потоа се меле и се продава во форма на прашок.

Ова растение е богато со стероли, содржи многу витамини, минерали (железо, калциум, селен, фосфор, магнезиум и цинк), како и диететски влакна, аминокиселини (протеин) и комплексни јаглехидрати.

Маката дава енергија и издржливост. Го намалува заморот, го балансира телото, кај мажите, маката ја зголемува издржливоста и силата, а го покачува либидото и кај двата пола. Кај жените ја зголемува плодноста, помага во намалување на менструалните симптоми, придонесува за редовен циклус, и го воспоставува хормоналниот баланс при менопауза.

Делува и на плодноста кај мажите, бидејќи влијае на нивото на тестостерон, бројот и подвижноста на сперматозоидите и делува како одличен афродизијак.

Исто така, маката го намалува бројот и интензитетот на главоболките, позитивно влијае во случаи на депресија и анксиозност, го јакне имунитетот и го забавува процесот на стареење. Всушност му помага на телото подобро да се справува со надворешни и внатрешни влијанија како што се вознемиреноста и физичките повреди.

Еве го и рецептот за една од бројните варијанти на неодоливото „макачино“.

Состојки:

2,5 дцл бадемово млеко

1 лажичка мака во прав

2 лажички какао

3 урми

Малку цимет, малку каенска пиперка

Ставете сѐ во блендер и мешајте 30 секунди. Најубаво е да се испие веднаш, додека е млако и има пена, а напитокот е вкусен и разладено од фрижидер.

Ако сепак не сакате да се откажете од вашето утринско кафе, тогаш додадете му една лажичка мака прав. Инаку, со кафето одлично оди и ѓумбирот кој ги смирува желудочните проблеми (кои кафето може да ги предизвика), но и болките во мускулите, а го снижува и холестеролот и го поттикнува варењето.