Не ги чувајте чоколадите во фрижидер

Фото: Pexels-Pixabay
75

Чувањето на чоколадото во фрижидер придонесува тоа да добие лош вкус. Според стручњаците и познавачите, ова не е добро од неколку причини.

Чоколадото лесно може да ги апсорбира вкусовите на другите намирници во ладилникот, па тоа, се чини, е главна причина за губење на слаткиот вкус на чоколадото кога тоа се чува во фрижидерот.

Промената на бојата е уште еден проблем што се јавува кога влагата во фрижидерот влијае врз шеќерот во чоколадото, којшто се јавува на површината и тоа добива „бледа“ боја.

Се препорачува чоколадото да се чува на место каде што температурата е меѓу 12 и 18 Целзиусови степени.