Знаеме дека можеме да ја користиме водата во која се вареле тестенините за подготовка на оброци, но што е со водата од варењето јајца?
Aко се прашувате за што би можеле да ја користите водата во која сте вареле јајца, веднаш да ви кажеме дека можете да ја искористите за растенијата. Тие го сакаат калциумот, тој придонесува за нивната јачина, а него го има во изобилство во водата во која се вареле јајцата.
Калциумот, исто така, помага во одржувањето на добра pH вредност во почвата. Важно е да почекате водата да се олади на собна температура пред да ги наводнувате растенијата.
Ако не сте сигурни дали на вашето растение му недостасува калциум, обрнете внимание на следниве симптоми:
Жолто-кафени дамки на листовите, опкружени со кафеав раб
Бавен раст
Доволно калциум во почвата ги прави растенијата помалку подложни на болести и оштетувања.
Ако листовите на вашето растение се суви и без сјај, обидете се да ги оживеете на начинот на кој го прават тоа искусните градинари.
Ставете само малку мајонез на чиста крпа и избришете ги листовите на растенијата со него.
Не само што ќе имате прекрасни, сјајни листови од растенија, туку мајонезот ќе се разгради и целосно ќе ја собере насобраната прашина.