„Не ломите ми багрење“! Цветот од багрем е природен лек за ревматизам, главоболка и висок притисок

Фото: Pexels
244

Багремот, познат и под називот лажна акација е богат со витамини Ц и К и минерали, калиум, манган и магнезиум

Иако за многумина е алерген, за оние кои не се алергични, може да биде лек. Не ја пропуштајте неговата цветна сезона, па искористете ја за да го употребите и за здравствени цели. Погодувате, станува збор за багрем, познат и како лажна акација (Robinia pseudoacacia), листопадно дрво од семејството на мешунките. Неговите бели цветови нанижани заедно во кластери се со пријатен мирис и полни со нектар.

Лековити својства

Покрај тоа што е украсно и корисно растение, багремот има и голем број лековити својства. Цвеќињата, лисјата и кората се користат во традиционалната медицина. Цветовите на багремот најчесто се сушат и се користат како чај за лекување на настинка, кашлица, главоболка и треска. Листовите од багремот можат да се сушат и да се користат како чај, а традиционално се користат за ублажување на дигестивни проблеми. Се верува дека кората има антиинфламаторни својства и се користи за ревматизам и артритис.

Во хомеопатијата, цветовите на багремот се користат како лек за заболувања кои се резултат на прекумерно лачење на стомачна киселина, мигрена и невралгија на фацијалниот нерв одговорен за изразите на лицето и подвижноста.

Лажната акација, багремот (Robinia pseudoacacia) исто така ги нуди овие придобивки: Богат е со витамин Ц, познат како идеален сојузник на имунитетот, витамин К важен за здравјето на коските и минерали, калиум кој го регулира крвниот притисок, манган и магнезиум кој е одговорен за релаксирање на мускулната тензија и намалување на стресот.

Содржи антиоксиданти кои се борат против слободните радикали. Багремот е богат со пребиотици важни за варењето и имунитетот и може да ги ублажи симптомите на синдромот на нервозно дебело црево (IBS).

Сепак, како и за сè што не ни е познато, важно е да се консултираме со експерти.

Несакани нус-појави

Познат на многумина, медот од багрем е генерално безбеден за консумирање, но, како и во сè, постои едно „но“. Така, неговото внесување ќе мора да го ограничат или целосно да го избегнуваат оние кои се алергични на пчели или мед поради можна алергиска реакција. Исто така, да се избегнува секаков вид мед за бебиња под една година поради ризикот од болузитис, болест предизвикана од токсинот на бактеријата Clostridium botulinum.

Чај од багрем за главоболки

Доколку страдате од чести главоболки, пиењето природен чај секако не може да ви одмогне. Лажица суви цветови од багрем прелијте ги со два децилитри врела вода. Покријте и оставете да отстои околу 15 минути. По желба збогатете го чајот со лимон или со малку багремов мед.