Не мора веднаш да трчате во аптека: Овие домашни лекови природно ќе ја намалат вашата температура

Фото: Pexels
28

Моќни рецепти од кујната и природата обезбедуваат ефикасно закрепнување за време на настинки и грип

Зимските месеци се сезона на настинки и грип, а покачената телесна температура е начинот на кој нашето тело реагира на нападот на вируси, бактерии и други патогени. Ако температурата е блага до умерена, телото ќе се опорави самостојно, а вие можете да му помогнете со многу одмор и природни, домашни лекови кои ќе го зајакнат во борбата против инфекцијата, а со тоа ќе ја намалат и температурата. Природните решенија како што се напиток од цимет или чај од ѓумбир можат да бидат одлична помош и алтернатива на разни лекови што се продаваат без рецепт во обидите да се намали температурата и да се опоравите што е можно поскоро. Секако, ако температурата не се намали во рок од неколку дена или дури и се зголеми, задолжително посетете лекар кој ќе ви препише соодветна терапија.

Оригано
Ова лековито растение е познато по своите здравствени придобивки. Карвакрол, супстанца што ја содржи, е ефикасен против вирусни инфекции кои предизвикуваат треска. Сварете ги листовите од оригано со куркума во прав и пијте го чајот двапати на ден за најдобри резултати.

Лук

За да ја намалите телесната температура, додадете сечкан или згмечен лук во јадењата што ги готвите. Можете да го додадете и во чај, што е ефикасен начин за ублажување на треската и температурата при грип. Лукот содржи антивирусни, антибактериски и антисептички супстанции кои се ефикасни во борбата против инфекциите што предизвикуваат висока температура. Употребата на лук во готвењето е исто така корисна за зајакнување на имунитетот, а исто така помага во излачувањето на токсините од телото преку пот.

Оризова вода

Еден од домашните лекови за температура е оризовата вода, позната по своите придобивки во лекувањето на вирусни инфекции. Едноставно испијте чаша оризова вода на празен стомак за да ги отстраните токсините од телото, што исто така ќе помогне во намалувањето на температурата. Оризовата вода е богата со хранливи материи, вклучувајќи витамини Е, Б1, Б2 и Б6, како и многу минерали, и може да помогне во надополнувањето на хранливите материи и намалувањето на ризикот од дехидратација за време на треска. Прво добро исплакнете го кафеавиот ориз, потоа ставете го во тенџере со ладна вода и оставете го дасе вари додека не зоврие. Процедете го оризот и зачувајте ја водата во која е зготвен и користете ја како напиток.

Моринга

Морингата е богата со витамини, минерали и антиоксиданти кои се ефикасни против треска. Листовите од моринга се познати по тоа што ја намалуваат треската со отстранување на токсините од телото. Можете да ги користите во форма на прав, додавајќи ги во вода, сокови, јогурт, каша или супи по готвењето.

Листови од жалфија

Оваа ароматична лековита билка помага во намалувањето на треската благодарение на сафицинолидите, супстанции кои имаат антивирусни својства. За да ја намалите температурата, пијте чај од лист од жалфија.

Црн пипер

Овој вообичаен зачин има антибактериски и антивирусни својства кои можат да помогнат во лекувањето на респираторни заболувања. Исто така е богат со витамин Ц, кој може да го зајакне вашиот имунолошки систем и да спречи голем број болести кои предизвикуваат треска. Измешајте лажичка црн пипер во прав со чаша топла вода. Додадете листови од тулси и свеж сок од лимон, добро промешајте, оставете го малку да отстои, а потоа испијте го.

Куркума

Содржи куркумин, соединение познато по своите антибактериски, антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Куркумата, исто така, има антимикробни својства кои можат да го забават растот на габите, бактериите и вирусите и можат да го зајакнат имунолошкиот систем, помагајќи во борбата против инфекцијата што ја предизвикала треската.

Цимет

За да направите пијалок за намалување на температурата, едноставно измешајте цимет со топла вода и мед. Овој природен лек има антибактериски, антивирусни, антиинфламаторни и аналгетски својства кои можат да помогнат во намалувањето на инфекцијата и треската.

Семе од коријандер

Освен што е зачин, можете да го користите и како домашен лек за зајакнување на имунолошкиот систем. Природното масло и антибактериските својства на семето од коријандер можат да помогнат во борбата против инфекцијата што ја предизвикала треската. Потопете го семето во половина литар вода, а потоа пијте ја водата неколку пати на ден.

Бања со горчлива сол

Бањата со горчлива сол, која е богата со магнезиум, може да ја намали треската и да обезбеди моментално олеснување. Додадете две чаши горчлива сол во млака вода и останете во бањата околу 20 минути.

Јаболков оцет

Јаболков оцет често се користи за извлекување на топлината од телото. Потопете чиста крпа во мешавина од јаболков оцет и ладна вода, а потоа ставете ја на челото и стомакот.