Не ви треба полно тенџере зејтин за најкрцкавиот помфрит! Одличен трик со кој ќе добиете немасни, крцкави компирчиња

Фото: Pexels
248

Најдовме одличен трик за правење крцкав помфрит без пржење во длабок зејтин.

Помфритот е омилено јадење на многу генерации.

Можете да го послужите со разни видови јадења, или да го јадете посебно.

Најчесто се приготвува така што во длабоко масло се пржат исечените компири додека не поруменат.

Затоа многумина го избегнуваат, бидејќи не е баш најздравиот избор за оброк.

Сепак, постои начин како да уживате во помфрит без чувство на вина.

Во следниот рецепт нема длабоко пржење, компирите се печат во рерна, но потребно е да се потопат во белки пред да се стават во рерна.

Така ќе добиете внатре мек, а однадвор крцкав помфрит.

Состојки:

4 големи компири
2 белки
сол
зачини по вкус

Приготвување:

Во поголем сад изматете ги белките со солта.

Излупете ги компирите и исечете ги на ленти за пржење.

Потопете ги во белките и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

Печете ги компирите во загреана рерна на 200 ° C додека не поруменат.

Пред сервирање, помфритот посипете го со зачини по вкус.

Вака подготвениот компир не содржи маснотии, па можете да ги јадете кога сакате.