Неколку рецепти со кои ќе свртите нова страница во вашата исхрана

Фото: Pexels
290

Ако неодамна сте имале здравствени проблеми или само сакате да го смените начинот на исхрана и да почнете да се грижите за своето здравје и особено за срцето, имаме одлични и едноставни рецепти

Вашата прва грижа кога станува збор за здравјето е да почнете со здрава исхрана.

Еве неколку едноставни и здрави рецепти за секој ден.

Денот може да почне со овесна каша.

Овесна каша со јаболко и цимет

Загрејте 200 мл млеко, додадете 4 лажици овесни снегулки (околу 40 гр.) и една лажичка мелен лен. Кога ќе зоврие тргнете го од оган. Додадете 1 сечкано или рендано јаболко, лажичка путер од кикиритки, рамна лажица суво грозје и малку цимет и измешајте сè.

Потаж од тиква

Во вода сварете 200 гр тиква и 1 морков (сите претходно исечкани). Кога зеленчукот ќе омекне, извадете го и измешајте го со блендер, додавајќи ја водата во која се вареле до саканата конзистентност. Додадете црн пипер и куркума и многу малку сол. На крајот прелијте со 50 гр грчки јогурт и измешајте.

Чорба од компири

100 гр компири исечкајте ги на коцки, а 150 гр моркови на тркалца. Исечкајте 1 главица кромид, па пропржете ги на малку масло додека да омекне. Потоа додадете 100 грама бело или говедско месо исечено на коцки, компирот и морковот. Додадете вода колку да се покрие и варете на умерена температура додека не зоврие, притоа мешајќи. Потоа намалете ја температурата и малку потргнете го капакот. Кон крајот додадете зачини по вкус, шолја сварени домати и варете уште 10 минути.