Нема подобар лек за намалување на притисокот и холестеролот од овој чај!

Фото: Pixabay
2.306

Секој кој страда од висок холестерол и покачен крвен притисок треба да го вклучи овој чај во својата исхрана. Се препорачува и за сите кои страдаат од егзема, имаат чувствителна кожа или чувствуваат интензивно чешање.

Овесниот чај се користи за ублажување на многу симптоми и неправедно е запоставен во лекувањето.

Само мал број луѓе знаат за сите негови лековити својства.

Ова ситно зрно е богато со фитостероли – супстанции кои ги чистат крвните садови и го спречуваат холестеролот да се апсорбира во телото.

Овесот можете да го консумирате во форма на каша, но многу поедноставен начин е да направите чај.

Овој чај е одличен за зајакнување на здравјето на срцето и крвните садови и за намалување на ризикот од срцев и мозочен удар.

Овесот е моќно и корисно средство за зајакнување на нервниот систем.

Се препорачува за оние кои страдаат од несоница, ментален замор, анксиозност и депресија. Билкарите го препорачуваат дури и на луѓето кои страдаат од мултиплекс склероза.

Ја регулира работата на желудникот, па затоа се препорачува за луѓе со чувствителни органи за варење.

Исто така, има својства кои им користат на пациентите со рак на дебелото црево. Тој е особено ефикасен во намалувањето на несаканите последици кои можат да се појават за време на радио и хемотерапија.

Микроелементите и флавоноидите, кои ги има во изобилство, го зајакнуваат имунитетот и ја подобруваат крвната слика.

Во една студија која опфатила 1.540 професионални спортисти од Австралија, било забележано дека секојдневната употреба на овес во исхраната придонесува за зголемување на мускулната маса.

Секој кој страда од висок холестерол во крвта и покачен крвен притисок треба да го вклучи овој чај во својата исхрана.

Ова не се сите негови позитивни својства. Имено, чајот од овес се препорачува и за сите кои страдаат од егзема, имаат чувствителна кожа или чувствуваат интензивно чешање.

Подготовка:

Потопете 5 лажици овес во литар ладна вода и полека загревајте додека не зоврие.

Оставете да се вари 5 минути и потоа оставете да се излади.

Исцедете и по желба засладете со малку мед и консумирајте преку ден наместо вода.