Никогаш не е доста: Уште два рецепти за колачи

Фото: Pexels
330

Кексите се омилениот избор на многумина оваа празнична сезона бидејќи освен што се вкусни, можат да траат и долго доколку се чуваат во тегла или кутија со капак.

Нема подобра глетка за празниците од куќа полна со смеа, радост и мирис на свежо испечени колачиња.

Кексите се омилениот избор на многумина оваа празнична сезона бидејќи освен што се вкусни, можат да траат и долго доколку се чуваат во тегла или кутија со капак.
Веруваме дека многумина од вас веќе го започнаа овогодинешното празнично печење колачи и други десерти, дека вашите кујни веќе се обвиени со топли зимски мириси и дека полека уживате во богатството на слатки деликатеси.

Доколку случајно ви снема идеи или едноставно барате рецепт за божиќни колачиња, имаме три докажани и вкусни рецепти кои ќе ги сакаат и младите и постарите.

Распукани колачи

Состојки:

220 гр чоколадо за готвење
50 гр путер
210 гр остро брашно
Половина прашок за пециво
2 јајца
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
Шеќер во прав

Подготовка:

Чоколадото и путерот растопете ги на пареа. Оставете ги на страна да се изладат.
Изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер со миксер.
Наизменично додавајте ги брашното измешано со прашокот за пециво и претходно подготвеното чоколадо. Добро соединете.

Тестото ќе биде прилично меко, но не додавајте повеќе брашно.
Ставете го тестото во замрзнувач на 45 минути, а потоа обложете го плехот со хартија за печење.
Со дланките обликувајте мали топчиња и извалкајте ги во шеќер во прав.

Наредете ги на плех и печете во загреана рерна на 180°C околу 15 минути.

Здрави колачиња

Од оваа смеса треба да добиете 25 колачи.

Состојки:

3 дцл овесни снегулки
1 дцл зовриена вода
100 гр путер (омекнат)
1/2 дцл маџун
2 дцл интегрално или спелтино брашно
1/2 лажичка прашок за пециво
1/2 лажичка морска сол

Подготовка:

Загрејте ја водата додека не зоврие, па прелијте ги овесните снегулки. Оставете ги да се изладат, а за тоа време вклучете го миксерот и кратко изматете ги путерот и маџунот.
Измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта заедно во процесор за храна, а потоа додајте ја топлата овесна каша и измешаната смеса од путер и маџун.

Извадете го тестото на работната површина и завршете го со рака. Не е потребно долго месење, доволно е само да се соединат состојките.
Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер 1 час.
Расукајте го тестото на набрашнета маса со дебелина од 3 мм.

Можете да вадите тркалезни форми со чаша, а потоа наредете ги бисквитите во плех претходно обложен со хартија за печење и избоцкајте ги со вилушка. Печете на 200 Целзиусови степени околу 15-20 минути.
Бадемите кратко исечкајте ги во електричен сецко (за да останат крупно исечкани). Пред послужување, премачкајте ги бисквитите со џем и украсете ги со парчиња бадеми.