На оние кои постат за време на Божиќните пости поради верски причини, веројатно им се крева косата на глава кога ќе слушнат за идејата на движењето Veganuary, но оние другите можат да си дозволат барем една кратка промена во исхраната. Впрочем, познато е дека растителната исхрана може да го намали ризикот од многу хронични болести
За многумина почетокот на новата година е време кога носат различни одлуки, а оние поврзани со здравјето секако се стимулативни. Овој широк поим може да вклучи одлука за, на пример, одење на редовна прошетка, наоѓање психотерапевт, одење на масажи, но и промена на исхраната, како што е веганството.
Минатата година, дури 25 милиони луѓе се пријавија на глобалното движење Veganuary (комбинација од зборовите „веган“ и „јануари“) и решија да направат чекор кон поздрава, поодржлива и сочувствителна исхрана.
Овој рекорден одговор нагласува колку свесноста за важноста на веганската исхрана станува се поприсутна. Се почесто луѓето избираат диета која не само што им помага на животните, туку помага и за ублажување на климатската криза и придонесува за нивното лично здравје, велат организаторите на ова движење.
Здружението ги повикува сите да ја започнат 2025 година со одлука од која сите имаат корист.
Веганството не е само тренд, туку одржлив и сочувствителен начин на живот кој секојдневно привлекува се повеќе луѓе. Преку веганските предизвици како Veganuary, милиони учесници ширум светот секоја година одлучуваат да пробаат веганска исхрана во текот на еден месец.
Веганската исхрана го намалува ризикот од многу болести
Според истражувањата, веганската исхрана може да го намали ризикот од многу хронични болести како што се дијабетес, срцеви заболувања и дебелина. Во исто време, преминот кон исхрана базирана на растенија има значително влијание врз зачувувањето на природните ресурси, намалувањето на стакленичките гасови и заштитата на биолошката разновидност.
Богата понуда на растителна храна
Veganuary е исто така совршена можност за гастрономска авантура. Со богатството на вегански рецепти и производи достапни денес, запознавањето со растителната исхрана никогаш не било полесно или повкусно.
Веганските производи се наменети за секого, а во богатата понуда на растителна храна може да се најдат плескавици, намази, сирења, салами и други видови вкусно растително месо и растителни млечни производи.
Веганството е повеќе од предизвик, тоа е движење што го менува светот на подобро. Ако некогаш сте размислувале да се префрлите на растителна исхрана, сега е време да им се придружите на милионите кои ја прават промената.