Наутот е добар извор на растителни протеини – 100 грама варен наут содржи околу 8 до 9 грама протеини. Испробајте го овој брз и здрав оброк и послужете го наутот во сос од домати со препечен леб.
Дали ја изгубивте инспирацијата за подготовка на хранливи и вкусни јадења? Зошто да не се обидете да го направите ова јадење со наут?
Наутот е добар извор на растителни протеини – 100 грама варен наут содржи околу 8 до 9 грама протеини. Богат е и со јаглехидрати и диетални влакна, кои ќе ве држат сити долго време.
Наутот можете сами да го зготвите, но, ако сакате да го направите ова јадење за кратко време, користете конзервиран. Комбинирајте го со сос од домати и некои зачини и послужете на препечен леб.
Наут во сос од домати – состојки:
1 конзерва наут (400 г)
250 гр сос од домати
2 лажици мед
2 лажици вински оцет
1 мал кромид
1 лажичка црвен пипер
½ лажичка чили
растително масло по желба
сол и пипер по желба
препечен леб за сервирање
Подготовка:
Во длабока тава или тенџере загрејте го маслото и во него издинстајте го кромидот. Пропржете го околу пет минути додека не омекне.
Додадете ги сосот, исцедениот наут, медот и винскиот оцет.
Добро измешајте и зачинете со сол, пипер и црвен пипер. Ако сакате зачинета храна, додадете малку чили.
Гответе сè заедно пет до 10 минути додека состојките не се соединат и сосот не се згусне.
Послужете со препечен леб.