Одличен е за срцето, црниот дроб и цревата, а помага и при дијабетес

Фото: Freepik
254

Здравите сложени јаглехидрати како слаткиот компир, не само што можат да помогнат за контрола на тежината, туку можат долгорочно да придонесат за целокупното здравје.

Последниве години јаглехидратите се на лош глас и покрај тоа што тие се макронутриенти без кои нашето тело не може да функционира правилно.

Се разбира, не е исто да се јадат високо преработени јаглехидрати и целосни намирници што може да го продолжат вашиот животен век. Навистина, здравите сложени јаглехидрати не само што можат да помогнат за контрола на тежината, туку можат долгорочно да придонесат за целокупното здравје.

Го поттикнува здравјето на очите

Ако некој спомне храна која го промовира здравјето на очите, првото нешто на што веројатно ќе помислите е морковот. Сепак, слатките компири се многу богати со бета-каротен, растителен пигмент кој им ја дава светлата портокалова боја.

Нашите тела користат бета-каротен за да создадат витамин А, антиоксидант кој се бори со слободните радикали и го поправа оштетувањето на очите, вели Џенифер Брунинг, регистрирана диететичарка со искуство за исхрана на постарите лица и портпарол на Академијата за исхрана и диететика (ААО).

Всушност, 200 грама печени слатки компири со кора обезбедуваат повеќе од двојно повеќе од препорачаната дневна количина на бета каротин за возрасен.

Иако одржувањето на здравјето на очите е важно во сите фази од животот, тоа е од клучно значење за постарите возрасни лица, бидејќи како што стареете, вие сте изложени на поголем ризик за одредени болести на очите, според Американската академија за офталмологија (ААО).

Добар е за вашите црева

Слаткиот компир е богат со влакна, особено ако ја јадете кората. Влакната помагаат во движењето на отпадот низ нашите тела, а со тоа го штитат дебелото црево, вели Брунинг.
Проблемот е што повеќето луѓе не добиваат доволно од оваа важна хранлива материја, а внесот на влакна е клучен за спречување на запек, кој станува се почест како што старееме.

Но, влакната не се единствената хранлива материја која е погодна за цревата, а се наоѓа во слатките компири. Витаминот А е исто така корисен за одржување на цревната обвивка и за поддршка на целокупното здравје, додава Брунинг.

Го поддржува вашиот имунолошки систем
Со оглед на тоа што има антиоксидантни и антиинфламаторни својства, овој корен промовира здрава имунолошка функција, според Брунинг.

Меѓу нив е изобилството на бета-каротен (прекурсор на витаминот А), кој игра важна улога во заштитата на епителот, вид на телесно ткиво што ги обложува дишните патишта и цревата и служи како прва линија на одбрана против нападите на патогените, според една статија објавена во Journal of Clinical Medicine​.

Дополнително, влакната во слатките компири го промовираат здравјето на цревата, каде што се наоѓа најголемиот дел од нашиот имунолошки систем, вели Брунинг.

Студиите покажуваат дека недостатокот на витамин А го зголемува воспалението во цревата и ја намалува способноста на имунолошкиот систем правилно да одговори на потенцијалните закани. Редовното консумирање сладок компир помага во одржување на посакуваното ниво на витамин А во телото.

Го одржува здравјето на срцето

Слаткиот компир е одличен и за вашето срце. Тоа е делумно затоа што слатките компири имаат повеќе калиум од бананите, вели Кејти Дод, регистрирана диететичарка која работи со постари лица.

„Калиумот помага при многу функции во телото, вклучително и за регулирање на течностите и крвниот притисок“, додава таа. Ова е многу важно бидејќи високиот крвен притисок е поврзан со пократок животен век.

Дополнително, високата содржина на влакна во слатките компири, исто така, може да помогне во контролата на нивото на холестерол, според Брунинг. Како и високиот крвен притисок, високиот холестерол го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар, а може да го спречи и здравото стареење. Покрај тоа, слатките компири го одржуваат и здравјето на црниот дроб.

Помага во лекувањето на дијабетес

Ако живеете со дијабетес, вашиот лекар можеби ви рекол да го ограничите белиот компир бидејќи има висок гликемиски индекс, што значи дека предизвикува ненадејни скокови и падови на шеќерот во крвта и инсулинот.

Исто така, може да ги влоши здравствените проблеми како дијабетес, дебелина и срцеви заболувања, според Харвард Т.Х. Чан школа за јавно здравје.

Но, не мора да го исклучувате слаткиот компир од вашата исхрана ако имате дијабетес. Напротив, може дури и да ви помогне да ја контролирате вашата состојба.

Иако некои сè уште го нарекуваат „сладок компир“, не мора да се плашите од неговата сладост ако имате дијабетес, вели Брунинг.

„Влакната и антиоксидантите во овој моќен зеленчук придонесуваат за подобра контрола на гликозата кога се консумираат во разумни количини како дел од оброкот“, објаснува таа.

Имено, високата содржина на влакна помага во спречување на нагли скокови на шеќерот во крвта и ве одржува сити.

Слаткиот компир може да се подготви на различни начини.

Ќе го сакате пржен, печен и варен, а можете да го додадете и во чорби и супи. Ако се обидувате да избегнете слатки, вклучете го во вашиот ручек и нема да ви треба десерт. Како прилог, одлично оди со говедско или со дивеч во сос.

Најдобро е да се вари на пареа бидејќи така ќе се зачуваат аромата и вкусот. Сепак, може да се подготви и на сите други начини, исто како и компирот. Каков и да е „термичкиот третман“, тој не треба да трае помалку од 30 до 40 минути.