Одлично за сезоната на грип и настинки: Кивито е полно со витамин Ц, ги намалува притисокот, холестеролот и триглицеридите
Кивито е овошје богато со влакна, антиоксиданти и други хранливи материи кои го зајакнуваат имунитетот. Има висока содржина на витамин Ц и помага во ублажување на симптомите на астма. Тоа е извор на калиум и затоа го поддржува здравјето на срцето., а одлично е и за варењето
Кивито е овошје со кафена кора, светло зелено месо и мали црни семки, а освен што се јаде внатрешноста на плодот, за јадење е и кората.
Придобивките од кивито вклучуваат ублажување на симптомите на астма и се поддршка за срцето. Овошјето е богато со антиоксиданти, а можете да го вклучите не само во слатките јадења, туку и во солените.
Добро оди со бело месо, шунка, живина и риба.
Познато е по неговата висока содржина на витамин Ц. Покрај тоа, вклучувањето на киви во здравата исхрана може да го поддржи здравјето на срцето, а се чини дека нивното консумирање го зголемува липопротеинот со висока густина (HDL), таканаречениот добар холестерол, пишува bbcgoodfood.com.
Освен тоа, ги намалува триглицеридите, односно мастите во крвта, а корисен е и за намалување на крвниот притисок.
Богато е и со влакна и помага при правилно варење.
Кивито содржи ензим наречен актинидин кој го олеснува разградувањето на протеините, помагајќи храната да се вари поефикасно. Интересно е тоа што киви може да се користи во рецепти за омекнување на месото.
Кивито е исклучително богато со хранливи материи кои го зајакнуваат имунитетот, вклучувајќи витамини Ц, Е, К и фолати, како и каротеноиди, влакна и фитохемикалии.
Студиите сугерираат дека тие можат да го поддржат имунолошкиот систем и потенцијално да ја намалат зачестеноста и сериозноста на настинките и симптомите слични на грип кај ранливите групи како што се постарите лица и децата.
Кивито е богато со хранливи материи и фитохемикалии кои имаат антиоксидантни својства, кои помагаат да се намали оксидативното оштетување и како резултат може да го намали ризикот од хронични болести.
Кивито е алерген и иако симптомите се благи кај повеќето чувствителни индивидуи, кај некои се пријавени тешки реакции. Ако сте алергични на лешници, авокадо, смокви, полен или латекс, може да почувствувате реакција на киви.
Ако ви се препишани лекови за крвен притисок или антикоагуланси, редовното консумирање на киви во вашата исхрана може да ги засили нивните ефекти.