Одзатнете ги артериите со сок кој ги намалува притисокот и холестеролот: Зошто калинката е најдобриот чувар на срцето?
Сокот од калинка, благодарение на високата концентрација на антиоксиданти, има потенцијал да придонесе за здравјето на срцето и крвните садови.
Дознајте како сокот од калинка може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, холестеролот и зa чистење на артериите благодарение на неговите моќни антиоксиданти.
Сокот од калинка е сè попопуларен природен сојузник во борбата против високиот крвен притисок и холестеролот, а новите истражувања сугерираат дека може да помогне и во намалувањето на плаките во артериите, со што придонесува за здравјето на срцето и крвните садови.
Не е само до вкусот – овој црвен пијалак е богат со антиоксиданти, особено полифеноли, кои имаат моќ да го намалат оксидативниот стрес, да ја подобрат циркулацијата на крвта и да го заштитат LDL („лошиот“) холестеролот од оксидација – процес што води до формирање на плаки во артериите.
Како делува сокот од калинка?
Антиоксидантите од калинка можат да помогнат во:
- спречување на натрупување на плаки во артериите
- намалување на постоечките плаки
- подобрување на функцијата на крвните садови (ендотел)
- зголемување на производството на азотен оксид, кој ги шири крвните садови
- регулирање на крвниот притисок
Плакот во артериите може да доведе до сериозни здравствени проблеми како што се срцеви и мозочни удари, а неговата појава е дополнително влошена од оксидирани липиди и хронично воспаление. Сокот од калинка, заедно со здрава исхрана и начин на живот, може да биде природен додаток во превенцијата на кардиоваскуларни заболувања.
Што вели науката?
Студиите на проф. д-р Мајкл Авирам од Технион – Израелски институт за технологија, покажуваат дека сокот од калинка може значително да влијае на:
- намалување на дебелината на каротидната артерија (до 30% кај испитаниците),
- намалување на систолниот крвен притисок за 12% по една година редовна консумација,
- подобрување на протокот на крв и намалување на воспалението.
Мета-анализа од 2017 година објавена во списанието Pharmacological Research, исто така, покажала дека консумирањето сок од калинка може да го намали и систолниот и дијастолниот крвен притисок, без оглед на дозата.
Што е со холестеролот?
Додека некои истражувања сугерираат дека калинката може да го намали LDL холестеролот, други резултати се помалку јасни. На пример, преглед од 2019 година во списанието Complementary Therapies in Medicine, кој вклучуваше 17 различни студии, не откри значаен ефект врз нивото на холестерол. Авторите забележуваат дека е тешко да се извлечат цврсти заклучоци поради разликите во методологијата и количините на сок што се користат во студиите.
Заклучок
Сокот од калинка, благодарение на високите концентрации на антиоксиданти, има потенцијал да придонесе за здравјето на срцето и крвните садови, особено кога се комбинира со здрав начин на живот. Иако некои наоди се ветувачки, потребни се повеќе истражувања за да се потврди неговата ефикасност со сигурност, особено кога станува збор за холестеролот.
Во секој случај, овој природен пијалак може да биде вкусен и здрав додаток во исхраната, но не ги заменува лековите или препорачаните терапии за луѓе со дијагностицирани кардиоваскуларни заболувања.