Омилениот десерт од нашето детство

Фото: Арт кујна
111

Сутлијашот е десерт кој традиционално се подготвува од бел ориз, млеко и шеќер, но ако баш сакате да се раководите по модерните стандарди за здрава исхрана, секогаш можете да го замените белиот ориз со интегрален, кравјото млеко со растително, а шеќерот со некој поздрав засладувач.

Иако денес сите зборуваат против белиот ориз, сутлијашот, познат и како сладок ориз варен во млеко, има долга традиција во многу култури низ светот, а е значаен и како дел од нашето детство. Речиси и нема човек кому овој десерт, со својата кремаста текстура и нежна арома, не му буди носталгични спомени од детството.

Но, прашањето што често се поставува е – дали сутлијашот е здрав?

Ако баш сакате да се раководите по модерните стандарди за здрава исхрана, секогаш можете да го замените белиот ориз со интегрален, кравјото млеко со растително, а шеќерот со некој поздрав засладувач.

Без разлика дали го правите со бел или интегрален ориз, со обично или растително млеко, сутлијашот нуди голем број здравствени придобивки, а најдобрата верзија, барем според нас, е токму онаа, класичната, како што го правеа нашите мајки и баби, бел ориз, млеко и шеќер.

Па токму таков е и нашиот рецепт:

Состојки:
1 литар млеко

300 мл вода
200 г ориз
50 г шеќер
1 ванилин шеќер
Цимет во прав за декорација

Приготвување:
Измијте го оризот и сварете го во 300 мл вода. Гответе на тивок оган додека водата не испари и оризот не омекне (околу 10-15 минути).

Потоа додавајте го млекото малку по малку и варете на тивок оган, мешајќи повремено. Оризот треба да го впие млекото, затоа бидете трпеливи.
За сутлијашот да биде кремаст, важно е да не го мешате премногу за време на готвењето. Прекумерното мешање може да создаде грутки и да ја направи смесата премногу густа.

Зошто сутлијашот е поздрав од купечките слатки

Сутлијашот не дебелее кога се консумира во мали количини. Исто така, ако не додадете шеќер во неговата подготовка, ќе добиете идеална ужина за кое било време од годината. Самиот ориз е заситувачка, здрава храна со низа добри хранливи материи.

Како и да е, во споредба со комерцијалните житарки кои имаат вишок шеќер и други состојки, сутлијашот е секогаш поздрав и похранлив оброк.

Тој ви нуди добар извор на јаглехидрати во зависност од тоа како го подготвувате. Можете целосно да го избегнете шеќерот и да го засладите овој прекрасен десерт со малку домашен џем или јаворов сируп.

Друга опција за засладување е да додадете мед или малку суво грозје кое претходно сте го натопиле во малку топло млеко. Така ќе имате уште повеќе хранливи материи и повеќе нема да бидете во искушение да додавате повеќе шеќер.

Кога станува збор за сутлијаш, можете да го зачинете со ванила, ова ќе ги задоволи сите љубители на слатки и повеќе нема да бидете во искушение да го засладувате повеќе отколку што е потребно.

Можете исто така да користите бадемово, оризово или соино млеко за да додадете малку повеќе разновидност во вашата исхрана од нутритивна гледна точка.