Останавте без леб?

445

Имаме одличен рецепт како да направите брзо лепче, без чекање и месење

Ова е еден од омилените рецепти, оние кои не бараат од вас ниту многу време, ниту многу труд.

Потребни се само неколку состојки кои веројатно ги имате дома и половина час од вашето време.

Состојки:

1,5 шолјички интегрално брашно

1,5 шолјички бело брашно

2 шолјички јогурт

1 лажичка сол, 1 прашок за пециво

1 жолчка и по желба сусам за поросување

Приготвување:

Замесете тесто од состојките и веднаш поделете го на два дела или дури и на 4 ако сакате да добиете малечки лепчиња. Ние направивме две.

Можете да ги засечете со нож, но и не мора. Премачкајте ги со жолчката и поросете со сусам.

Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.