Благодарение на одличните состојки – коктелите без алкохол (таканаречени, моктели), ќе ви ја изгаснат жедта и ќе ви обезбедат освежување во најжешките јулски денови.
Безалкохолните коктели, попознати како моктели, се вистинска летна сензација. Благодарение на одличните состојки – многу овошје и вода, како и ароматични билки – овој пијалак ќе ја изгаси вашата жед и ќе ви обезбеди освежување во најжешките јулски денови.
Состојки:
краставица
ѓумбир
лимета
листови од нане
кафеав шеќер, мед или друг засладувач по избор
Подготовка:
Ставете ги парчињата краставица, излупениот ѓумбир, сокот од лимета, нането и шеќерот во блендер и додадете доволно вода за да ги покриете сите состојки. Блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Процедете го добиениот пијалак и послужете со неколку коцки мраз.