Oва е најдобриот чај за почеток на денот, особено во есен и зима

Фото: Pixabay
112

Да го започнете денот со ваков напиток е многу здрава навика. Ја поттикнува работата на дигестивниот систем, ги отстранува токсините од телото, го враќа апетитот, ја намалува надуеноста, помага при алергии, ја стимулира циркулацијата, го зајакнува имунитетот и ја враќа рамнотежата во организмот.

Кога e времето променливо како деновиве и може да се почувствува големa разлика помеѓу дневната и ноќната температура, размена на студен и многу топол воздух, кога во воздухот има влага што придонесува за развој на болести, среќа за луѓето е што постојат едноставни, природни начини за превентивно делување каде со редовна секојдневна навика се зајакнуваме, но и – влијаеме на здравјето.

Еден од таквите ритуали што ве советуваме отсега да го вклучите во вашата дневна рутина е да го започнете денот со пиење шолја од моќниот и славен ајурведски чај од лимон и ѓумбир.

Со силни вкусови кои ни ја будат енергијата, овој напиток силно енергизира и ја стимулира циркулацијата.

Лимонот што го додаваме во него има извонредно влијание врз стимулацијата на плунковните жлезди и врз работата и здравјето на нашите црева.

Чајот од ѓумбир и лимон го стимулира дигестивниот систем, ги отстранува токсините од телото, го враќа апетитот, ја намалува надуеноста, помага при алергии, ја стимулира циркулацијата, го зајакнува имунитетот и ја враќа рамнотежата на телото…

Приготвување:

Изрендајте поголем прстен ѓумбир и со прстите исцедете го неговиот сок во шолја чај (околу 1 лажичка исцеден сок) и прелијте го со топла вода.

Оставете го да отстои 2-3 минути, а потоа исцедете сок од половина лимон. Додадете една лажичка мед, измешајте и пијте полека, во мали голтки.

„Доколку страдате од алергиски проблеми, затнати дишни патишта, секрет во носот/синусите… тогаш ви ја препорачуваме следната постапка:

Во тенџере со вода исечете или изрендајте ѓумбир и исцедете лимон, сè заедно добро сварете и оставете да отстои покриено околу 5 минути.

Процедете и потоа засладете со мед и пијте полека.

Лековити својства
Има исклучително корисен ефект врз работата на дигестивниот систем и е моќен напиток за чистење кој поттикнува отстранување на токсините.

Овој чај е многу ефикасен за лекување на надуеност, а се препорачува и за лица со намален апетит.

Поради затоплувачките својства, се препорачува за луѓе со ослабена циркулација.

Исто така, се препорачува и за луѓе кои страдаат од потешкотии во работата на респираторниот систем, со зголемен секрет и чувство на тежина.