Ова е најважната намирница што треба да ја додадете во исхраната оваа есен

Фото: Pexels
208

Оваа суперхрана е во сезона, па направете си залихи на слатки компири кои се одлични извори на калиум и витамин А.


Сега е сезона на слатки компири, затоа не пропуштајте ги придобивките од оваа скромна, разновидна суперхрана.

Слаткиот компир е чудесна храна и важна причина зошто Окинава е една од петте оригинални сини зони. Неговите жители најголем дел од калориите ги добиваат од виолетовата варијанта на слатките компири и иако тие ја прават нивната исхрана богата со јаглени хидрати, овие луѓе се едни од најздравите и најдолговечните во светот, вели експертот за сините зони, Ден Бутнер.

Слаткиот компир има многу неверојатни здравствени придобивки. Еве зошто експертите сметаат дека треба да јадете повеќе од него.

Слатки компири и калиум

Слаткиот компир е преполн со калиум – повеќе од банана!

Слаткиот компир е еден од најздравите вообичаени извори на калиум кој ѝ е потребен на секоја клетка во нашето тело за да функционира. Всушност, може да се смета за суперхрана и е рангиран како една од најздравите намирници на планетата.

При изборот на сорта, запомнете дека хранливата содржина на слаткиот компир е директно поврзана со интензитетот на неговата боја. Колку е пожолто или попортокалово неговото месо, толку може да биде поздраво, додека виолетовата е уште поздрава, вели др. Мајкл Грегер.

Таа боја ви кажува дека слаткиот компир е богат со антиоксиданти познати како каротеноиди.

Еден од најпроучените е бета каротенот. Тоа е супстанца што телото може да ја користи за производство на витамин А и им помага на клетките да се справат со секојдневното трошење.

Овој зеленчук е извор и на некои витамини од групата Б. И како и многу други видови на зеленчук, тој е добар извор на влакна и има релативно малку калории. Половина од голем сладок компир има само 81 калорија, пишува клиниката Мајо.

Слаткиот компир сварете го со кора

За најдобро да се зачува нивната хранлива содржина, најдобро е да ги варите. Без разлика на начинот на приготвување, не ги лупете бидејќи нивната лушпа има речиси десет пати поголема антиоксидантна моќ од самиот компир, што им дава антиоксидативен капацитет кој се приближува до оној на боровинките, вели др. Грегер.

За силен имунитет

Слаткиот компир обезбедува и витамин Б6 и витамин Ц, кои имаат моќни здравствени придобивки. Витаминот Б6 го промовира развојот на мозокот кај децата и функцијата на мозокот кај возрасните. Б6, исто така, му помага на телото да произведе серотонин, хормон кој го регулира расположението и ви помага да се справите со стресот.

Витаминот Ц е антиоксидант кој ги штити вашите клетки од слободните радикали, тврди UPMC HealthBeat.