Ова е официјално најдобриот сос во светот: Има само четири состојки и секој може да го направи

Фото: Unsplash
94

Овој нејзин сос е прогласен за најдобар во светот, а ако сакате да се обидете сами да го направите, ќе ви требаат само четири состојки.

Познатата италијанска авторка на готварски книги, Марсела Хазан го споделила рецептот за најдобриот сос за тестенини.

Овој нејзин сос е прогласен за најдобар во светот, пишува списанието Деслих, а ако сакате да се обидете сами да го направите, ќе ви требаат само четири состојки.

За овој светски познат и наградуван сос, ќе ви требаат:

800 грама конзервирани домати,

еден кромид,

70 грама путер,

сол.
Подготовка:
Излупете го кромидот и исечете го на два дела, потоа ставете ги во тенџере без да ги сечкате. Додадете го путерот и пржете кратко.

Потоа додадете ги доматите и гответе на тивок оган 45 минути. Хазан тврди дека ниту кромидот ниту другите состојки не треба да се сечкаат. Само фрлете ги во тенџере за да се свари сè заедно и да се измешаат вкусовите.

Целиот рецепт е даден во видеото подолу: