Рамнотежата на организмот можеме да ја постигнеме со намирници кои ја регулираат алкалноста и киселоста
Има многу важни и невидливи процеси кои почнуваат во телото кога ќе станеме од кревет наутро, без воопшто да сме свесни за нив.
Сепак, изреката дека денот се познава по утрото, многумина ќе ја прифатат со големо одобрување. Навистина, тие први утрински чекори, мисли, но и она што го ставаме во уста многу влијае на квалитетот на денот и на животот воопшто.
Бројни експерти се согласуваат дека балансот на телото можеме да го постигнеме со храна која ја регулира алкалноста и киселоста.
Затоа многу од нив препорачуваат денот да се започне со лимон.
Зошто да се воведе ритуалот на пиење вода со лимон
Комбинацијата на лимон со млака вода и додавање на мед природно може да го подобри здравјето на луѓето на неколку начини:
- Имунитет
Витаминот Ц помага да се стимулира производството на бели крвни зрнца, кои се клучни за борба против инфекции.
Медот, од друга страна, има антиоксидантни својства кои можат да помогнат во борбата против бактериите и вирусите.
Заедно, тие ефикасно делуваат како природна одбрана на нашето тело и имунолошкиот систем, што е важно да се негува во текот на целата година.
- Здравје на дигестивниот систем
Водата со лимон и мед е клучот за вратата наречена дигестивен систем и затоа оваа комбинација е идеална за почеток на денот.
Сокот од лимон го стимулира производството на жолчк во црниот дроб, што помага во варењето на мастите и апсорпцијата на хранливи материи, додека медот делува како пребиотик, поттикнувајќи го растот на корисни цревни бактерии.
Заедно ги ублажуваат проблемите со надуеност и запек.
- Придонесува за хидратација
Бидејќи човечкото тело претежно се состои од вода, исклучително е важно да останете хидрирани. Водата е важна за регулирање на телесната температура и непречено функционирање на сите телесни функции, како и за здравјето на кожата.
- Здрава и сјајна кожа
Антиоксидантните својства на лимонот и смирувачките ефекти на медот можат да придонесат за поздрава и посјајна кожа.
Познато е дека витаминот Ц може да ја намали појавата на брчки и темни дамки, додека медот природно ќе ја хидрира кожата, ќе ја задржи влажноста и ќе ѝ даде блескав тен.
Затоа, редовното пиење вода со лимон и мед обезбедува природен сјај на кожата од внатре кон надвор.
- Помага во детоксикација
Кога ќе се спомене детоксикација на телото, редовно се предлага да се пие токму оваа комбинација, вода со лимон и мед.
И не е изненадувачки бидејќи сокот од лимон има природен диуретичен ефект кој помага да се исфрлат токсините, а медот со своите различни фитонутриенти и ензими му помага на црниот дроб да работи, ги отстранува отпадните производи, токсините и конечно, помага во одржување на целокупното здравје.
Направете свој еликсир на здравјето
Состојки:
300 мл топла вода
2 лажици свеж сок од лимон
Лажичка мед
Прстофат сол и лист нане (по избор)
- Загрејте ја водата на млака (жешката вода може да ги уништи хранливите својства на лимонот и медот) и ставете ја во шолја.
- Исцедете сок од лимон во сооднос од две лажици и ставете го во шолјата. Ако сакате повеќе кисел вкус, додадете повеќе сок од лимон.
- Додадете мед, добро измешајте и уживајте. Доколку сакате дополнително да го хидрирате телото, додадете малку сол во водата и украсете со листови нане.