Ова овошје е одлично за кожата, го зајакнува имунитетот и помага при слабеење

Фото: Pexels
135

Ако изедете една праска со средна големина, ќе внесете во вашето тело само 60 калории, а притоа богато ќе го снабдите со вредна нутритивна содржина.

Едно од најомилените летни овошја се праските, кои поради витаминот Ц се многу добри за кожата.

Оваа хранлива состојка, која е моќен антиоксидант, ги штити клетките на кожата од слободните радикали со неутрализирање на штетните молекули.

Праските се слатки, вкусни и здрави, поради што на многумина им се омилено овошје, а уште повеќе ќе ги засакаат кога ќе ги откријат бројните здравствени придобивки што ги носат.

Ако изедете една праска со средна големина, ќе внесете во вашето тело само 60 калории, а притоа богато ќе го снабдите со вредна нутритивна содржина.

Еве кои се здравствените придобивки од праските:
Го зајакнуваат нашиот имунолошки систем

Најзастапени витамини во праските се А, Ц, Е, К и Б3 и ним можеме да се заблагодариме за тоа што се праските многу добри за нашиот организам.

Но, особено благодарение на витаминот Ц, со конзумирање на праски го зајакнуваме нашиот имунолошки систем, што ни е многу важно во овие времиња кои се предизвик за здравјето.

Праските ја штитат нашата кожа

И за ова можеме да му се заблагодариме на витаминот Ц кој се наоѓа во праските.

Оваа хранлива состојка, која е моќен антиоксидант, ги штити клетките на кожата од слободните радикали со неутрализирање на штетните молекули.

Витаминот Ц е добар и за одложување на појавата на брчки и ситни линии, а благодарение и на витаминот Е кој го имаат праските, кожата полесно се регенерира и се хидрира.

Праските се грижат за нашите очи

Што се однесува до здравјето на очите, можеме да им се заблагодариме на витаминот А и бета-каротенот, кои, погодувате, ги има во праските.

Благодарение на овие антиоксиданти, нашите очи се дополнително заштитени, што е добра вест.

Праските помагаат при слабеење

Иако се богати со хранливи материи, праските содржат малку калории, што е добро кога сакаме да ослабеме.

Затоа, ако сакаме да јадеме нешто слатко, наместо торта или чоколадо, да земеме – праски!

Праски за поздраво варење

Ова овошје е богато со вода и влакна, кои можат да помогнат при проблеми со запек.

Покрај тоа, гореспоменатите влакна го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево.

Ги има на претек. Навалете!