Оваа риба е најдобра за здравјето и за семејниот буџет

10

Нема ништо подобро за мозокот и срцето, но и за зајакнување на имунитетот. Освен што е здрава, вкусна и може да се подготви на многу начини, брзо и лесно се вари

Без разлика дали претпочитате слатководна или морска риба или други морски плодови, секој вид се карактеризира со богатство од хранливи материи, првенствено витамини, минерали и аминокиселини.

Крапот и пастрмката се најбараните и најкупуваните. Меѓутоа, уште една риба може да се најде во поголемите малопродажни синџири и е поевтина, а содржи повеќе протеини и помалку калории.

Станува збор за ослиќот. Оваа риба има ниска енергетска вредност, па затоа се смета за диетална храна. Сто грама ослиќ содржи 80 проценти вода, 0,85 г масти и 17,2 г протеини. Богата е со витамини Б1 и Б2, калиум, калциум и фосфор. Има позитивен ефект врз коските и функцијата на мозокот.
Ослиќот е најчестата риба во Јадранското Море, која расте до еден метар и тежи до 15 килограми. Живее претежно во поголеми морски длабочини, многу е лакома и се храни со сите видови риби и ракови. Има особено меко, посно и вкусно бело месо.

Најчесто се пржи во масло или се пече на скара. Исто така се користи за подготовка на чорби или супи, а е многу вкусна и сушена.

За оние кои имаат проблеми со холестеролот, ослиќот содржи само 0,3 грама масти и е богат со омега-3 масни киселини, кои имаат корисен ефект и се добри за мозокот и срцето.