Овие три намирници можат да го зголемат ризикот од мозочен удар

Фото: Unsplash
289

Д-р Џонатан Цајлингер, шеф на платформата за дигитални здравствени услуги Babylon Health, за британскиот Express.co.uk зборува за храната што треба да ја избегнуваат сите луѓе со зголемен ризик од мозочен удар.

Во Европа и во светот, мозочниот удар е втора причина за смртност. Станува збор за сериозна, потенцијално фатална медицинска состојба која се јавува кога протокот на крв во мозокот е прекинат, обично поради згрутчување на крвта или пукање на крвните садови. Постојат голем број фактори кои можат да го зголемат ризикот од мозочен удар, а исхраната секако е еден од најважните.

Имајќи го ова на ум, д-р Џонатан Цајлингер, шеф на платформата за дигитални здравствени услуги Babylon Health, за британскиот Express.co.uk зборувал за храната што треба да ја избегнуваат сите луѓе со зголемен ризик од мозочен удар. Конкретно истакнал три вида на намирници кои треба да се избегнуваат за да се спречи затнувањето на крвните садови, а тоа се: преработки од месо, слатки и пржена храна.

Со оглед на тоа дека најголемиот број мозочни удари се поврзани со акумулација на масeн плак (атером) во артериите кои го снабдуваат мозокот со крв, храната која придонесува за овој процес ќе го зголеми ризикот од мозочен удар. Заситените и транс мастите се главните виновници, истакнаl д-р Цајлингер.

Има и намирници кои го намалуваат ризикот

Високиот крвен притисок предизвикува и формирање на атероми, па затоа зголемениот внес на сол (на пример, со конзумирање сланина, чипс и сл.) го зголемува и ризикот од мозочен удар. Зголемениот внес на шеќер (на пример, преку консумирање засладени газирани пијалaци) е уште еден клучен фактор за ризикот од мозочен удар, делумно поради неговата поврзаност со зголемувањето на телесната тежина и развојот на дијабетес тип 2, кој предизвикува оштетување и воспаление на крвните садови, предупредува д-р Цајлингер, посочувајќи дека има и намирници кои имаат спротивен ефект, го намалуваат ризикот од мозочен удар.

Сигурно сте слушнале многу пати, но секогаш е добро да се повтори дека треба да консумирате најмалку пет (идеално би биле седум до девет) порции овошје и зеленчук дневно. Бројни истражувања покажаа дека поголемата консумација на овошје и зеленчук ја намалува стапката на мозочен удар, додека помалата консумација ја зголемува. Се смета дека овошјето и зеленчукот го намалуваат крвниот притисок, а содржат и антиоксиданти кои помагаат во заштитата на крвните садови. Овошјето и зеленчукот содржат и влакна, кои можат да помогнат да се спречи зголеменото ниво на маснотии во телото со врзување за холестеролот во нашите црева, објаснува д-р Цајлингер, додавајќи дека препорачаната дневна доза на влакна е 30 грама, а покрај овошјето и зеленчукот, влакна се присутни и во овесната каша, кафеавиот ориз и интегралниот леб.

Тој додава дека некои видови маснотии се здрави во мали количини и дури можат да го намалат ризикот од мозочен удар снижувајќи го нивото на холестерол. Тоа се мононезаситени и полинезаситени масни киселини, какви што се присутни во јаткастите плодови, семките и масната риба, кои треба да се консумираат два пати неделно.

Симптоми на мозочен удар

Симптомите на мозочен удар лесно се паметат по кратенката Г.Р.O.M.

Г значи говор (тежок и неразбирлив, или можеби личноста воопшто не може да зборува иако е будна или има проблем да разбере што зборувате)
Р е кратенка за раце (лице кое имало мозочен удар можеби нема да може да ги крене двете раце бидејќи едната рака е слаба и „паѓа“)
О значи одземеност (асиметрично лице, едната страна е обесена, лицето можеби не може да се насмее или едното око и едната страна од устата се спуштени надолу)
M значи минути (секоја минута се брои, што значи дека мора да се јавите наБрза помо ВЕДНАШ ако забележите некој од горенаведените симптоми).