Овој природен лек се користи со векови! Одличен е во борбата против ракот и го намалува ризикот од дијабетес и срцеви заболувања

Фото: Pixabay
187

Ги намалува воспаленијата и може да помогне да се намали ризикот од состојби како што се артритис, Алцхајмерова болест, дијабетес, срцеви заболувања и рак.


Многумина со векови посегнуваат по овој лут коренест зеленчук од семејството на зелки.

И додека многумина го користат како додаток на оброк во форма на салата или како прилог кој му дава дополнителен вкус на говедското месо, ренот служи и како природен лек кој може да го зајакне здравјето.

За неговата сила говори и фактот што силните масла што ги содржи често предизвикуваат насолзени очи при чистењето и прочистување на ноздрите.

Има малку јаглехидрати и масти и има голем број на хранливи материи како што се витамин Ц, магнезиум, калциум и фолати.

Ренот содржи корисни природни соединенија како што се глукозинолати кои имаат антиоксидантни и антиканцерогени својства.

Глукозинолатите се разградуваат на изотиоцијанати, кои имаат антибактериски својства, поттикнуваат детоксикација на телото и имаат антиинфламаторно дејство.

Една лажица рендан рен содржи:

7 калории

2 грама јаглени хидрати

0,1 грам масти

0,5 грама влакна

0,2 грама протеини

Четири здравствени придобивки од ренот

Ги намалува воспаленијата и може да помогне да се намали ризикот од состојби како што се артритис, Алцхајмерова болест, дијабетес, срцеви заболувања и рак.

Антиинфламаторниот ефект на ренот доаѓа од соединението познато како синигрин, кое исто така се наоѓа во зеленчукот од семејството зелки, како што се брокулата и прокељот.

Според оваа студија, синигринот го попречува процесот на воспаление во телото, запирајќи го пред да се разгори.

Исто така, овие студии покажаа дека синигринот може да помогне во борбата против воспалението што предизвикува атеросклероза.

Одличен е во борбата против ракот. Гореспоменатото истражување покажува дека синигринот има и антиканцерогени својства, а зеленчукот како што се рен, зелка, кељ и карфиол кој го содржат и кои имаат изотиоцијанати всушност ги попречуваат клетките на ракот, спречувајќи ги да се шират или едноставно ги убиваат, објаснува диететичарката Аманда Игел за Cleveland Clinic.

Се бори против бактериски и габични инфекции. Изотиоцијаните ги уништуваат и бактериите и габите.

Лабораториска студија ја покажала способноста на алил изотиоцијанатот да ја уништи потенцијално опасната бактерија Ешерихија коли.

Друга студија покажала дека изотиоцијанатот ефикасно се бори против Helicobacter pylori, бактеријата која предизвикува чир на желудникот, а ја уништува и салмонелата.

Ренот може да биде и природен лек против габите, заклучува оваа лабораториска студија за придобивките од изотиоцијанатите.

Помага за чистење на синусите и белите дробови. Антибактериските својства на ренот му даваат потенцијал како природен антибиотик, што беше потврдено од истражувачите кои открија дека хербалната терапија е исто толку ефикасна како и стандардните антибиотици за чистење на синузитис и бронхитис.

Дали треба да го ограничите внесот на рен?

    Ренот е безбеден за консумирање, но може да предизвика иритација кај некои луѓе, па ако имате состојби како Кронова болест, улцеративен колитис, воспалителна болест на цревата, бидете внимателни.

    Имено, ренот може да ги влоши симптомите, па затоа би било добро да се консултирате со лекар и нутриционист за неговата консумација.