Овој сируп веднаш помага при болно грло, а можете да го направите сами

Фото: Pexels
251

Направете си едноставен сируп со состојки кои помагаат при болки во грлото

Болката во грлото е нешто со кое се среќаваме во секое време од годината, но најмногу во студените месеци.

Тешкотии при голтање, засипнатост, иритирано и болно грло придружени со чувство на печење се најчестите симптоми на воспаление, а можете да ги ублажите со помош на природни состојки.

Направете си едноставен сируп кој помага при болки во грлото.

Состојки:
4 големи лажици мед
1 лажичка куркума во прав
1 лажичка ситно рендан ѓумбир
1 лажичка згмечен лук
½ лажичка цимет во прав
½ лажичка чили во прав
4 големи лажици сок од лимон
сок од 1 портокал

Подготовка:
Медот лесно загрејте го додека не се разреди и додадете ги сите останати состојки во него.
Добро измешајте и оставете да отстои еден час.
Потоа процедете го сирупот преку цедалка или обична газа и чувајте го во тегла.
Два до три пати на ден полека топете во устата по една мала лажичка сируп.