Овошки што можат да ги јадат дијабетичарите

Фото: Unsplash
225

Луѓето со дијабетес треба да следат неколку упатства кога станува збор за консумирање овошје.

Дијагностицирањето на дијабетес тип 2 може да биде збунувачко – одеднаш се појавуваат нови

правила за исхрана што човекот мора да ги следи за да го држи своето здравје под контрола.

Дополнително, правилата за консумирањето овошје може да биде особено тешко да се сфатат. Од

една страна, експертите препорачуваат луѓето со дијабетес тип 2 да избегнуваат храна со висока

содржина на шеќер. Од друга страна, овошјето е извор на многу важни хранливи материи.

За да ја расчисти конфузијата, ендокринологот д-р Ендрју Тимоти Крафтсон споделува што сака

секој со дијабетес да знае за овошјето. Тој вели дека луѓето со дијабетес не треба да го исфрлаат

овошјето од исхраната. „Овошјето е важен извор на влакна, витамини и хранливи материи и не

треба да го избегнуваат луѓето со дијабетес“, изјави тој за Parade.

Исто така, истражувањето од 2022 година покажува дека луѓето кои јадат овошје секој ден имаат 48

отсто помал ризик од дијабетес од луѓето кои не јадат овошје. Иако овошјето е

добар извор на влакна и други хранливи материи што му се потребни на телото Крафтсон

истакнува дека е точно дека може да го подигне нивото на шеќер во крвта, на што луѓето со

дијабетес треба да обрнат внимание. Поради ова, тој напоменува дека луѓето со дијабетес треба да

следат неколку упатства кога станува збор за консумирање овошје. Прво, тој советува да се јаде

цело овошје, наместо во форма на сок или смути.

„Јадењето цело овошје му обезбедува на телото здрави шеќери и влакна. На телото му треба

подолго време да го обработи целото овошје, што му дава време да произведе инсулин и да

спречи скокови на шеќерот во крвта“, објаснува д-р Крафтсон. Доколку имате дијабетес и сте

љубители на овошје, д-р Крафтсон наведува дека најдоброто овошје е она со низок гликемиски

индекс.

„Овошјето на кое му е потребно подолго време за варење се категоризира како овошје со низок

гликемиски индекс. Овошјето кое брзо се вари се категоризира како овошје со висок гликемиски

индекс. Храната со висок гликемиски индекс, вклучително и овошјето со висок гликемиски индекс,

може побрзо да го подигне шеќерот во крвта“, објаснува д-р Крафтсон.

Ова е список на нискогликемиски овошја што луѓето со дијабетес можат да ги јадат без да се грижат

премногу за тоа како тие влијаат на нивото на шеќер во крвта.

Цреши;

Лимони;
Грејпфрут;
Јагоди;
Малини;
Боровинки;

Калинка;
Кајсии;
Круши;
Свежи смокви;
Мандарини;

портокали;
Грозје;
Праски;
сливи;
Банани;
Брусница;
Суви сливи;
Јаболка.