Паста од само една состојка, нутритивна бомба со антиинфламаторни својства

Фото: Freepik
191

Пастата од сусам е богата со антиоксидантот лигнан, за кој е докажано дека го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести и остеопороза.

Дали јадете таан? Станува збор за паста од препечено мелено семе од сусам што е составен дел од намазот хумус, но и од многу други јадења од Блискиот Исток и од Азија.

Таанот се карактеризира со јаткаст вкус кој одлично оди со многу јадења од месо и зеленчук, но може да биде дел и од разни десерти. Има бројни позитивни ефекти врз човековиот организам.

Нутритивна бомба со антиинфламаторни својства

Во една лажица таан, односно, во 15 грама паста од сусам има околу 90 калории.

Тоа е многу калорична храна која содржи околу 3 грама протеини и околу 8 грама масти, од кои половина припаѓаат на мононезаситени масни киселини, на кои им се припишуваат антивоспалителни својства.

Таанот е и одличен извор на фосфор и манган, кои играат важна улога во одржувањето на здравјето на коските. Исто така, има значителни количини на витамини Б1 и Б6, кои се важни во процесот на производство на енергија.

Хумусот се прави со паста од таан

Пастата од сусам е исто така богата со антиоксидант лигнан, за кој е докажано дека го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести и остеопороза.

Истражувањата исто така покажаа дека редовното консумирање на умерени количини на таан ги подобрува функциите на мозокот, но и ја зајакнува отпорноста на црниот дроб и бубрезите.

Како да направите таан дома?

„Вистинскиот таан“ има течна текстура, но на пазарот често можете да најдете производи слични на глина кои имаат горчлив вкус Избегнувајте ги таквите производи.

Лесно можете да направите паста од сусам во вашиот дом доколку имате на располагање квалитетен блендер. Во тавче потпечете го сусамот додека не добие убава златно-кафеава боја (внимавајте да не изгори), потоа ставете ги во блендер или сецко и мелете ги додека не се претворат во течна паста. Се чува во фрижидер и се додава во јадењата по желба.

Послужете го преливот на база на таан со салата и зеленчук по желба

Состојки за најлесниот прелив од таан за салати, тестенини и јадења со месо:
80 гр таан
50-100 мл вода
1 лимон
1-2 лажици мед, јаворов или сируп од агава
1 чешне лук
прстофат сол

Приготвување:
Измешајте го ситно сечканиот лук со свежо исцеден лимон, таан, мед и сол.
Полека ставајте вода во смесата со постојано мешање додека не добиете течен прелив по ваш вкус.
Ставете го во тегла и чувајте го во фрижидер до употреба.