Пченица со мед и со ореви: Вкусно и здраво, полно со витамини, минерали и протеини
Консумацијата на варена пченица на редовно ниво може да делува превентивно кај одделни здравствени состојби, како што се опстипација, хемороиди и рак на дебелото црево.
Интегралното, цело зрно на пченицата изобилува со витамини и минерали и во себе има најголем процент протеини во споредба со сите други житарки.
Пченицата е житарка која со милениуми наназад служела како основа на човековата исхрана и доколку немате проблем со глутенот, секако треба да ја консумирате во сите варијанти, а најкорисна е кога се консумираат целите нејзини зрна бидејќи се богати со исклучително корисни нутриенти за нашето здравје и организам.
Сварена и помешана со мед, па уште и со мелени ореви и малку мускатно оревче, таа е еден од највкусните десерти што треба да се јаде во секое време, а не само за умирачки, кога уста не ви се отвара и евентуално, за слави. На пример, наместо да правите комплицирани торти со триста филови, шлагови и креми, полни со шеќер и холестерол, направете си „торта“ од пченица.
Консумацијата на варена пченица на редовно ниво може да делува превентивно кај одделни здравствени состојби, како што се опстипација, хемороиди и рак на дебелото црево.
Пченицата изобилува со витамини и минерали, а посебно се значајни за целокупниот човечки организам, за силата и имунитетот, витамините од Б комплексот.
Зрното од пченицата е богато и со бета-каротен, витамин Е, калциум, магнезиум, фосфор и железо. Во себе има најголем процент од протеини за разлика од сите други житарки.
Сварената пченица е одличен извор на хранливи состојки, со посебен акцент на хранливи влакна и минерали. Таа ја обезбедува оптималната количина на корисни материи за човековиот организам и воопшто има бенефит за здравјето.
Благодарение на селенот, варената пченица како лек е идеална за здравјето на срцето и крвните садови. Варената пченица како лек може да се користи за многу други здравствени тегоби како што се проблеми со желудник, хроничен умор, проблеми со циркулацијата, разни кожни заболувања, дефицит на витамини и друго.
Во една шолја варена пченица има 151 калорија, 8,19 грама хранливи влакна, 58 грама магнезиум, 11,1 грама манган, 0,09 грама триптофан.
Превенција на рак – Варената пченица содржи лигнани, фитонутритиенти, кои имаат антиканцерогено дејство, а научните истражувања покажуваат дека ова посебно важи за канцерот на дојка. Една студија покажала дека консумирањето мала количина пченични трици дневно може да ја намали концентрацијата на жолчна киселина и бактериите во столицата, за кои се смета дека може да бидат поттикнувачи на карцином на дебелото црево.
Регулација на телесната тежина – Употребата на пченица може да помогне во регулиањето и оддржувањето на телесната тежина, бидејќи ја спречува појавата на метаболички синдром на собирање на масти во пределот на стомакот, а во исто време дава оптимална количина на добар холестерол, триглицериди и го оддржува крвниот притисок.
Лекување хронични воспаленија – Варената пченица изобилува со бетаин, корисна состојка која игра важна улога во ублажувањето на хроничните воспалителни процеси.
Природен лаксатив – Пченицата, посебно триците, делуваат како природен лаксатив, бидејќи се богати со растителни влакна, фосфор и Б витамини.