Песто Џеновезе без пињоли?! Зошто да не, имаме идеја за поевтина вкусна варијанта

Фото: Pexels/Pixabay
132

Дали ви се скапи пињолите кои се една од седумте состојки за најпопуларниот летен сос, песто џеновезе? Испробавме варијанти со неколку други семки и јатки

Pesto alla genovese е популарен сос од италијанскиот град Џенова кој одлично оди со варени тестенини, а особено е популарен во лето кога има изобилство од свеж босилек.

Стопанската комора во Џенова го објави точниот рецепт за овој ароматичен сос кој има точно седум состојки.

„Вистинското“ песто Геновезе мора да содржи лигурски лисја од свеж босилек (Лигурија е еден од најмалите италијански региони), медитерански пињоли, лук, екстра девствено маслиново масло, крупна морска сол и два вида сирење – пармезан и пекорино од Сардинија.
Доколку при рака немате пињоли (а кај нас и кога има се прескапи), можете да ги замените со други јаткасти плодови како бадеми, индиски ореви, ф’стаци или ореви. Во зависност од избраните јатки, ќе зависи и бојата на финалниот сос.

Ако сте алергични на јаткасти плодови, без грижи – босилекот, лукот, сирењето и екстра девственото маслиново масло можете да ги комбинирате со семки од сончоглед или тиква. Исто така, ќе добиете одлични резултати ако додадете малку семе од коноп во сосот.

Не јадете храна од животинско потекло? Можете исто така да додадете вегански верзии на сирење во пестото или да го зачините сосот со прехранбен квасец.

Колку песто додавате?

Количината на песто зависи од индивидуалните вкусови и преференции, но и од сосот што го имате на располагање. Вообичаено, една лажица се додава во чинија со 200 грама сварени тестенини, а сосот дополнително се разредува со малку вода во која се варени тестенините.

И во пицата можете да додадете песто

Во што можете да ставите pesto alla genovese? Во што сакате.

Продолжете да читате за да најдете идеи за кулинарски игри со овој популарен италијански сос.

Зеленото песто може да послужи:
Како сос за топли или ладни јадења на база на тестенини
Како прелив за салата
Како намаз за сендвич
Како намаз за тортиља со зеленчук и месо
Како маринада за пилешко
Како зачинска смеса за пржење јајца на око
Како зачинска смеса за подготовка на рижото
Како прелив на пица
Како прилог со печен лосос
Како фил за лиснато тесто