Пет намирници кои здравите стогодишници ги јадат секој ден

Фото: Pexels/Pixabay
287

Окинава, Сардинија и Икарија се само некои од местата каде што жителите живеат здрав и среќен живот дури и по прославувањето на својот 100-ти роденден. Постојат неколку тајни за нивната долговечност, а една од нив е исхраната богата со овие зачини

Дали некогаш сте слушнале за Сините зони на долговечноста? Ова се местата кадешто живеат најдолговечните луѓе во светот.

Окинава во Јапонија, Сардинија во Италија, Никоја во Костарика, Икарија во Грција и Лома Линда во Калифорнија се места каде што не е невообичаено да се видат совршено здрави 100-годишници како возат велосипед, имаат разни хобија или едноставно се дружат во парк со своите врсници.

Постојат неколку тајни за нивниот среќен и долг живот.

Ден Бутнер, основачот на терминот Сина зона, наведува дека секојдневното движење, ниското ниво на стрес и урамнотежената исхрана се клучни за долговечноста на овие луѓе.

Храната што ја јадат не е полна со процесирани намирници и шеќер, а за богатиот вкус на храната се потпираат на различни зачини.

Постојат неколку зачини кои се заеднички за сите овие Сини зони и кои можете да ги додадете во вашето дневно мени. Овие зачини имаат антиинфламаторно дејство и се богати со антиоксиданти кои помагаат во одржувањето на младешкото здравје и изглед.

Коморач (Морач, анасон, копар)

Овој корен може да се додаде во солени и слатки јадења, а можеме да го користиме секој дел од растението, од коренот до семките. Д-р Лорен Харис-Пинкус за Well+Good вели дека анасонот е богат со витамини А, Б и Ц, а коренот исто така е преполн и со влакна. Содржи и манган, кој е важен за активноста на бројни ензими, развој на коските, заштита на клетките и го подобрува зараснувањето на раните.

Коренот од анасон може да се сервира сиров или печен, а може да се исече како дел од салата или како прилог. Остатокот од растението е одличен како додаток на супи, а семките може да се користат за зачинување на секое јадење.

Оригано
Харис-Пинкус тврди дека ориганото е преполно со антиоксиданти и е докажано дека помага во борбата против бактериите. Антиоксидантите ги штитат клетките во телото така што го спречуваат оксидативниот стрес и со тоа ги намалуваат воспалителните процеси.

Истражувањата покажале и дека ориганото е одлично во борбата против дури 23 видови бактерии.

Освен што е корисно, ориганото е и многу вкусно и ќе го подобри секое јадење. Совршено се надополнува со домат, а особено ќе го нагласи вкусот на рибата или вегетаријанските јадења.

Рузмарин
Рузмаринот не е само вкусен медитерански додаток на јадењето, туку и одличен извор на железо, калциум и витамин Б6. Исто така, докажано е дека ги подобрува когнитивните способности и меморијата и придонесува за подобра функција на имунолошкиот систем.

Дури и мирисот на рузмарин сам по себе е доволен за да го стимулира протокот на крв во мозокот. Карнозинската киселина, со која е богат рузмаринот, е моќен антиоксидант, па ги штити клетките од стрес.

Рузмаринот одлично оди со риба и месо, а пред печење можеме да го додадеме во зеленчукот. Вкусно е и да се подготви како чај во комбинација со некои од останатите зачини на листата и малку лаванда и камилица.

Коријандер
Од сите сини зони, коријандерот е најпопуларен во Костарика. Исто како и другите зачини на оваа листа, коријандерот содржи големо количество антиоксиданти, а особено е корисен за спречување на срцеви заболувања.

Истражувањата исто така покажале дека коријандерот ја подобрува меморијата, па затоа се истражува како потенцијален лек за Алцхајмерова болест.

Коријандерот е еден од зачините што не е по сечиј вкус бидејќи може да има вкус на сапун, доколку носиме одредена комбинација на гени. Ако сте меѓу среќниците кои сакаат да јадат коријандер, задолжително користете го свеж како дел од сосови, салати или едноставно посипете го садот со исечкани листови пред да го послужите.

Лук
Колку е здрав лукот знаеме од нашата народна медицина, но неговата лековита вредност особено ја прифатија жителите на Јапонија, поточно Окинава.

Лукот го зајакнува имунолошкиот систем и е одличен за борба против грип и настинка.

Исто така, го намалува крвниот притисок и помага во регулирањето на холестеролот во крвта.

Многумина од нас веќе користат лук за да зачинуваат многу јадења, но сега кога знаете колку го сакаат најдолговечните луѓе, можеби е добра идеја да додадете двојна доза.

Одлична карактеристика на лукот е тоа што при термичка обработка не губи многу хранливи материи, па можеме да го пржиме на масло.