Пет салати со цвекло: Зошто треба да го јадеме во комбинација со суво овошје
Ако чувствувате слабост или имате лоша концентрација, наместо суплементи и скапи препарати за зајакнување и чистење на организмот, доволно ви е само едно цвекло за салата, пет дена по ред. Ги чисти крвните садови и спречува тромбоза.
Цвеклото е навистина здрава и евтина намирница која ја нормализира работата на срцето и крвните садови, го нормализира метаболизмот, го стимулира имунитетот, го елиминира заморот и ја подобрува мозочната активност.
Најголемата придобивка од цвеклото е тоа што ги чисти крвните садови и спречува тромбоза.
Цвеклото е извор на фолна киселина, аминокиселини, јод, калциум, магнезиум, железо, витамини А, Б1, Б2, Ц, Е и други корисни супстанции.
Најдобро е да го комбинирате со суви сливи, суви кајсии, суво грозје или кое и да е суво овошје, бидејќи на тој начин ќе го извлечете најдоброто и од цвеклото и од сувото овошје.
За да ги добиете сите придобивки од цвеклото, треба да го јадете една недела, секој ден.
Затоа најдовме 5 одлични рецепти за салати од цвекло кои можат да послужат и како оброк.
Вкусна салата од цвекло: за добро варење и чисти крвни садови
Оваа салата му помага на телото да ја свари масната храна и да ги исчисти крвните садови со подобрување на циркулацијата.
Потребно е:
1 цвекло
1 морков
3 чешниња лук
100 гр ореви
1 рака суво грозје
сол и црн пипер
маслиново масло
јаболков оцет по вкус.
Подготовка:
Изрендајте ги цвеклото и морковите, додадете ситно исечен лук и ореви и суво грозје. Зачинете со масло и јаболков оцет. Додадете сол и црн пипер.
Салата од цвекло и зелка: ги елиминира токсините од телото
Ако се борите со бавен метаболизам, ова е вистинската салата за вас.
Потребно е:
1 цвекло
200 грама зелка
2 јаболки
3 лажици маслиново масло
1 рака суви брусници или суво грозје
1 лажица сок од лимон.
Додадете зачини и свеж магдонос.
Оваа салата е популарно наречена „метла“ и со добра причина. Совршено ги отстранува токсините, поради што ќе имате добро здравје. Лечи проблеми со кожата и лош здив.
Подготовка:
Изрендајте ги сите состојки и измешајте ги со масло и сок од лимон. Додадете сол и црн пипер и свеж магдонос.
Салата од цвекло и јаболко: одлична за доцна вечера
Оваа мешавина од овошје и зеленчук има совршен вкус. Има корисен ефект врз кожата, го враќа здравјето.
Потребно е:
1 цвекло
2 јаболка
сечкани суви сливи или некое друго суво овошје кое најдобро ви одговара
3 лажици сок од лимон
1 лажица мед.
Подготовка:
Излупете ги цвеклото и јаболката и исечете ги на коцки.
Додадете сок од лимон и една лажица мед. Измешајте сè и уживајте во лесната вечера.
Салата од цвекло и сирење: вкусно искуство што не треба да се заборави
Потребно е:
1 цвекло
150 грама пармезан
2 моркови
3 чешниња лук
50 мл павлака
сол и црн пипер.
Подготовка:
Исчистете ги цвеклото и морковот, потоа изрендајте ги и додадете ситно исечен лук.
Додадете павлака и пармезан, зачинете и промешајте. Уживајте во совршената салата.
Салата од цвекло и јогурт: за совршена убавина
Ова јадење ја обновува и чисти кожата на лицето.
Со редовна употреба, кожата станува еластична, поздрава и посвежа.
Потребно е:
1 цвекло
150 мл јогурт
150 гр суви сливи
150 гр ореви
1 лажичка мед.
Подготовка:
Цвеклото исчистете го и изрендајте го, а сувото овошје и оревите исечкајте ги на мали парчиња. Потоа измешајте сè и додадете јогурт и мед.