Одличен и едноставен рецепт за нешто многу здраво кое може да помине како пица и целосно заслужува да го наречеме „здрава пица“
Внесете ги мешунките во вашата исхрана без да забележите! Ова тесто од црвена леќа ви обезбедува 41 г протеини и 14 г влакна.
Ова е одлична вегетаријанска опција богата со протеини и со само 510 kcal.
Состојки:
100 гр црвена леќа
1/2 чаша вода
сол
Предлог за фил:
зелена пиперка
домати
кромид
2 лажици сос за скара
65 г моцарела сирење
оставете ја леќата да кисне 2 часа. Исплакнете со ладна вода.
Изблендирајте ја со 1/2 шолја вода, додадете прстофат сол.
Прелијте ја смесата во плех и одозгора наредете ги состојките од нашиот предлог или други, по ваш избор.
Печете го тестото околу 20 минути во рерна на 175 C.