Почнала да прави печива на 5 години: Деветгодишната Лена е најмладиот бурек-мајстор во Србија

Фото: Јутјуб
1.741

На Јутјуб каналот „Lovac na ukuse“ објавено е видео за најмладата мајсторка на бурек во Србија, а веројатно и во регионот, деветгодишната Лена Кљајиќ од Обреновац, која почнала да прави печива на петгодишна возраст.

Родителите на деветгодишната Лена Кљајиќ од Обреновац, во Србија, се сопственици на локална пекара, а таа од мала почнала да поминува време со нив во кујна.

На Јутјуб каналот „Lovac na ukuse“ е објавено видео за малечката Лена која почнала да прави печива на петгодишна возраст.

Овој занает го научила од својот татко, а во видеото ги покажала своите вештини. Јутјуберот што го снимил на крајот имал можност да го проба бурекот што го направила.

„Ова ни е семејна традиција и тие учат по малку со мене“, вели нејзиниот татко во видеото додека покажува како го прават тестото заедно.

Стоејќи на стол за да стигне до работната плоча, Лена вели дека на осум години научила да прави пити, а на пет мали печива.

„Самата Лена покажа интерес да го научи овој занает, а јас сум тука да ѝ помогнам да научи да биде вистински мајстор за бурек и сѐ да прави со рака, а не со машина“, вели нејзиниот татко во видеото.

Во видеото се гледа како тие подготвуваат различни печива, од мини лепчиња за хот-дог до бурек, а вештите раце на ова мало девојче се синхронизираат со движењата на нејзиниот татко додека таа ја подготвува храната рамо до рамо со него.

Видеата од кулинарските вештини на Лена ги преплавија социјалните мрежи, а ова мало девојче предизвика воодушевување во целиот регион.