Пашканатот е корен сличен на морковот, кој кај нас најчесто се јаде во супи. Но тој може и да се испече и велат дека таков е повкусен и од печени компири
Пашканатот е корен богат со хранливи материи како што се витамините Ц, К и Е, магнезиум, фосфор и цинк. Кај нас обично се додава во супи, но од него може да се направи и вкусен прилог за јадења со месо, кој е особено популарен во Велика Британија.
Некои тврдат дека печениот пашканат има подобар вкус дури и од печениот компир. За да го испечете, освен пашканат, ви требаат само малку масло, сол и бибер.
Печен пашканат
Состојки:
6 пашканати
сол и бибер по желба
растително масло по желба
Подготовка:
Пашканатот измијте го и излупете го. Исечете го на приближно еднакви парчиња. Зачинете со сол и бибер и намачкајте со масло.
Пашканатот се става во еден слој на плех и се става во загреана рерна на 220 Целзиусови степени.
Кога ќе добие убава златно-кафеава боја, свртете го на другата странаи продолжете со печењето уште 10 минути.
Послужете печен пашканат со месо по избор, а најдобро одговара со печено свинско или со печено пилешко месо.