Понекогаш и лекот може да е вкусен: Имаме одличен рецепт за лек против кашлица
Сега, кога времето се менува па имаме ладни утра, а сѐ уште топли и сончеви денови, е и време кога кашлицата и ангината се многу честа појава. Овој лек е ефикасен како за акутна, така и за хронична кашлица. Освен тоа, ова е и највкусниот лек што сте го пробале досега
Ако страдате од хронична кашлица и бронхитис, тогаш пробајте ја веднаш оваа мешавина која е позната и како ајурведски лек за кашлица.
Благодарение на моќните својства на медот и бананата, ќе се ослободите од болното и воспалено грло, кашлицата, па дури и од проблемите со стомакот.
Состојки:
400 мл врела вода
2 средни зрели банани
2 лажички органски мед
Приготвување:
Најпрво излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка.
Би било добро да го направите тоа со дрвен прибор за јадење, бидејќи ќе се затемнат поради металот.
Потоа ставете ги бананите во сад и додадете зовриена вода.
Оставете ги така околу половина час, а кога смесата ќе се олади, додадете го медот.
Важно е да го додадете последен, бидејќи ако го измешате со врела вода, ќе ги загуби своите лековити својства.
Пијте 100 мл од овој напиток четири пати на ден.
Количината на состојките за рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова тура.
Првите резултати ќе ги видите многу скоро.