Посен, лесен и здрав чоколаден колач со овошје (ВИДЕО)

Фото: Pexels
27

Брзиот колач со овошје, чоколадо и ореви е многу лесен за подготовка и полн со овошје кое може да го прилагодите по ваш вкус.

Ова е еден од оние рецепти кои не може да не ви се допадне. Особено затоа што се прави лесно и брзо, а можете да ги прилагодите состојките по ваш вкус.

Еве го составот на состојки за рецептот што го најдовме на Инстаграм.

Состојки:
125 гр малини
125 гр боровинки
1/2 чаша (75 гр) мелени пекан или обични ореви (или други јаткасто овошје по ваш избор)
150 гр 80% темно чоколадо (или кое чоколадо сакате)
1 лажичка мешани зачини (1/2 лажичка цимет, 1/4 лажичка мелен ѓумбир, прстофат мелено каранфилче и прстофат мелен кардамон)
2 лажици кокосови снегулки
Приготвување:

Стопете го чоколадото и додадете му ги зачините.

Обложете еден сад со хартија за печење.

Ставете ги бобинките и оревите во садот. Одозгора прелијте ја чоколадата.

Одозгора посипете ги кокосовите снегулки. Оставете го во фрижидер околу 3 часа или додека не се стегне.

Исечете на парчиња и уживајте!