Ако ги сакате оние традиционални милиброди кои обично се прават за време на празниците, а постите, еве еден одличен рецепт
Состојки за тестото:
500 гр брашно
1 свеж квасец
1 дцл масло
3 дцл млеко од соја
Кора од лимон
1 лажичка сол
2 лажички шеќер
Состојки за филот:
250 гр ореви
100 гр суво грозје
100 гр шеќер
Млеко од соја
Кора од лимон
Шеќер во прав
Приготвување:
Во шолја се става квасецот, се додаваат 2 лажички шеќер и загреаното млеко и се остава на топло место да нарасне. Кога ќе нарасне квасецот додадете го во брашното. Потоа додадете ги и солта, шеќерот, маслото, млеко од соја и кора од лимон, измешајте сè и оставете повторно да нарасне.
За филот треба да се смелат оревите и да ги прелиете со врело соино млеко во кое ќе додадете суво грозје, шеќер и кора од лимон.
Кога тестото ќе нарасне, потребно е да се расука на дебелина од околу 1 сантиметар, а потоа да се премачка со филот. Откако рамномерно ќе го распоредите филот преку тестото, завиткајте го во ролат. Колачот префрлете го во калап подмачкан со масло и оставете го да отстои уште половина час. Потоа се пече на 200°C уште 30 минути. Кога е готово, оставете го да се излади и поросете со шеќер во прав.