Ова се всушност две јадења кои се споени во едно, па така добивате навистина вкусна комбинација и оброк кој долго ќе ве држи сити
Ова јадење се прави многу брзо, па и за подготвување на црвената леќа и за подготвување на оризот нема да ви требаат повеќе од 30 минути!
Состојки:
1 литар супа од зеленчук или вода
400 мл кокосово млеко
320 г ориз (долго зрно)
320 мл вода
300 г црвена леќа
100 г доматно пире или пелати
2 моркови
1 кромид
1 чешне лук
1/2 сушено чили
1 лажичка куркума
2 лажички кари
3 цм свеж ѓумбир исечкан
коријандер или магдонос
сол
Приготвување:
Најпрво во тенџере ставете вода, посолете и оставете да зоврие. Додадете го оризот, намалете ја топлината, покријте и варете околу 10 минути или додека течноста целосно не се впие.
Кромидот и морковот исечкајте ги на коцки. Изрендајте го ѓумбирот откако ќе ја излупите надворешната кора. Излупете го лукот и исечете го, исечете ги доматите, ако се свежи.
Во тавата додадете масло, кромид, лук, ѓумбир, чили и малку сол. Гответе на средна топлина додека не омекне кромидот, околу 3-4 минути.
Додадете зачини: кари и куркума и малку повеќе сол, доколку е потребно.
Промешајте и динстајте околу 60 секунди, а потоа додадете ги доматите (свежи или конзервирани). Гответе на умерен оган околу 6-8 минути, често мешајќи за да не загори, а потоа додадете ги кокосовото млеко и леќата.
Оставете да зоврие, намалете ја топлината и варете на тивок оган додека кокосовото млеко не се згусне, а потоа додајте го бујонот од зеленчук (или вода) за да се свари леќата. Кога ќе се свари, послужете со гарнир од ориз.