Практично и вкусно: Имаме рецепти за смути кои помагаат во намалување на ризикот од рак

Фото: Pexels
173

За оние на кои им е тешко да вклучат повеќе овошје и зеленчук во исхраната, како практично и вкусно решение им се предлагаат смути. Еве пет едноставни рецепти за смути кои се практичен избор кога станува збор за започнување со промена во исхраната и активно намалување на ризикот од развој на рак.

Изборот на исхраната влијае на факторите како што се нивото на енергија, расположението и подложноста на хронични болести, вклучително и ракот.

Според Американското здружение за рак, повеќе од два милиони нови случаи на рак и 600.000 смртни случаи се предвидени во 2024 година, при што 30-50% од овие случаи може да се спречат со усвојување здрав начин на живот, според Светската здравствена организација (СЗО).
За жал, преовладувачката исхрана, која се карактеризира со висок внес на калории и преработена храна во комбинација со мала потрошувачка на овошје, зеленчук и есенцијални хранливи материи, придонесува за воспаленија и хронични заболувања, вклучително и рак.

Американскиот институт за истражување на ракот (AICR) се залага за диета за борба против ракот заснована на растителна храна, како што се овошје, зеленчук, цели зрна, јаткасти плодови, семки и мешунки.

За оние на кои им е тешко да вклучат повеќе овошје и зеленчук во исхраната, како практично и вкусно решение им се предлагаат смути. Еве неколку едноставни рецепти за смути кои се практичен избор кога станува збор за започнување со промена во исхраната и активно намалување на ризикот од развој на рак.


Смути за зајакнување на цревата (особено е добро да се консумира после вежбање)

Ова смути содржи јаглехидрати и протеини и придонесува за хидратација која му е потребна на телото по потењето – што го прави совршена закуска после тренинг. И не само тоа, има многу придобивки за цревата од кефирот (ферментиран млечен напиток богат со пробиотици), како и од влакната во боровинките, авокадото и чиа семето.

Состојки:
2 чаши обичен кефир со малку маснотии
1 зрела банана
2 чаши замрзнати боровинки
половина зрело авокадо
1 парче свеж ѓумбир (излупен)
2 лажици чиа семе.

Приготвување:
Соединете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека смесата целосно да се изедначи, околу една минута. Послужете веднаш.

Едноставно смути од брусница
Овие бобинки се полни со вредни хранливи материи како што се антиоксиданти, влакна, манган и витамини Ц, Е и К. Комбинирањето на киселоста на брусницата со природната сладост на бананите прави вкусно смути без додаден шеќер.

Состојки:
1 средна банана (излупена, замрзната)
1 чаша свежи брусници
1 свеж портокал (излупен).

Приготвување:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека смесата целосно не се изедначи, околу една минута. Доколку е потребно, додадете мала количина ладна вода за да ја постигнете саканата конзистентност.

Смути со вкус на колач од моркови
Колачот со моркови е одличен затоа што, како и ова смути, комбинира топли зачини со кремасти млечни производи, јаткасти плодови за крцкање и суво овошје за сладост.

Состојки:
2 чаши млеко со малку маснотии
1 чаша обичен јогурт со малку маснотии
3/4 чаша моркови (1 голем морков, рендан)
половина чаша парчиња ананас (свеж или од конзерва)
1/4 чаша ореви
1/4 чаша суво грозје или урми
1 лажичка мелен цимет
1/4 лажичка мелен ѓумбир
1/4 лажичка мелено морско оревче
1/4 лажичка мелена куркума
чиа семе (+ по желба повеќе мелена куркума и ѓумбир за прелив).

Приготвување:
Ставете ги сите состојки во блендерот и мешајте додека смесата целосно не се изедначи, околу 2-3 минути.
Поделете ја содржината во две чаши и поросете ги со чиа семе, куркума и ѓумбир.


Зелено смути
Ова е лесен начин да се јаде повеќе овошје и зеленчук, а оваа мешавина од пет состојки го прави тоа уште полесно. Ќе ги добиете придобивките од железото и антиоксидантите од спанаќот без вкус на ништо зелено, благодарение на природно слаткото манго и банана.

Состојки:
2 чаши обезмастено млеко
1 голема зрела банана
2 чаши свеж бејби спанаќ
1 чаша парчиња манго
2 супени лажици мелено ленено семе (по избор).

Приготвување:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не се изедначи целосно, околу една минута.