Пред повеќе од 100 години илјадници бебиња биле лекувани од диареја со обична супа од моркови

Фото: Freepik
4.489

Подоцнежните студии покажале дека олигосахаридите кои се наоѓаат во оваа супа од морков ги спречуваат бактериите да се залепат на ѕидовите на цревата, спречувајќи ја дијареата.

Една од главните причини зошто илјадници бебиња умирале во 19-тиот век, била дијареата.

Педијатарот д-р Ернест Моро успеал да најде начин да ги спаси тие бебиња, а неговиот лек бил едноставен и генијален во исто време – супа од моркови!

Мороовата супа од моркови има само 3 состојки:

килограм моркови

литар вода

3 грама сол

Приготвување:

За да ја зготвите супата, треба да ги измиете и исчистите морковите и да ги варите во вода додека не омекнат.

Морковите процедете ги низ сито и додајте вода за вкупната количина на течност да биде 1 литар. Додадете прстофат сол.

Се покажало дека оваа едноставна супа ја спречува дијареата кај доенчињата, дури и во нејзините најлоши форми, а овој рецепт помогнал да се спасат илјадници бебиња.

Подоцнежните студии покажале дека олигосахаридите кои се наоѓаат во оваа супа од морков ги спречуваат бактериите да се залепат на ѕидовите на цревата, спречувајќи ја дијареата.

Со текот на времето, овој лек бил заменет со антибиотици и лекови против дијареа, но во тоа време помогнал драматично да се зголеми стапката на преживување на новороденчињата.