Предизвик за јануари: Густа супа од сладок компир и кикиритки

Фото: Freepik
215

Супата од слатки компири и кикиритки има кремаста текстура и благодарение на различните зачини како цимет, каранфилче, ѓумбир и ким и неверојатна длабочина на вкусови.

Африканската кујна изобилува со рецепти базирани на слатки компири и кикиритки. Оваа супа е едно од tие традиционални јадења. Супата има кремаста текстура, а благодарение на разните зачини како цимет, каранфилче, ѓумбир и ким, има и неверојатна длабочина на вкусoви.

Послужете ја супата со свежи листови коријандер и ситно сечкани пржени кикиритки. Уживајте!

Еве како се подготвува.

Кремаста супа од слатки компири и кикиритки

Состојки:
700 гр сладок компир
40 гр кикиритки
3 домати
2 лажици путер од кикиритки
2 чешниња лук
2 лажички рендан сиров ѓумбир
1,2 литри вода
1 кромид
1 морков
1 лажичка ким во прав
1 лажичка мелен коријандер
½ лажичка цимет во прав
прстофат мелено каранфилче во прав
прстофат кајенски пипер
сол по желба
свежи листови коријандер за сервирање
растително масло за пржење

Приготвување:
На малку масло продинстајте го кромидот додека да омекне. Додадете сечкан лук, рендан ѓумбир, коријандер во прав, каранфилче, цимет и ким. Пржете се заедно минута или две.
Додадете ги исчистените слатки компири кои сте ги исечкале на помали парчиња и исчистените и исечени моркови и домати. Варете сè заедно околу пет минути, повремено мешајќи.
Покријте сè заедно со вода. Кога супата ќе зоврие, покријте го тенџерето и варете на ниска температура околу половина час или додека компирот и морковот целосно не се сварат. Зачинете со сол и кајенски пипер.
Содржината од тенџерето префрлете ја во блендер и сè заедно внимателно претворете во густа кремаста супа.
Вратете ја супата во тенџерето. Додадете го путерот од кикиритки и сè добро измешајте и загрејте.
Послужете топло со свежи листови коријандер. Добар апетит!