Превенирајте ја појавата на Алцхајмерова болест! Еве кои се двата клучни нутриенти

Фото: Pexels
180

Алцхајмеровата болест влијае на мозокот и доведува до постепено опаѓање на когнитивните функции. Иако сѐ уште нема лек, оваа болест може да се забави, па дури и да се превенира.

Алцхајмеровата болест е невродегенеративно заболување кое постојано се зголемува на глобално ниво. Болеста влијае на мозокот и доведува до постепено опаѓање на когнитивните функции, вклучувајќи ја меморијата, размислувањето и способноста за донесување одлуки.

Тоа е најчеста форма на деменција, а симптомите обично започнуваат благо, со заборавеност и тешкотии во учењето нови информации.

Иако сѐ уште нема лек, оваа болест може да се забави, па дури и да се превенира.

Омега-3 и Б12

Водени од постојаното зголемување на болеста, многу истражувачи ги проучуваат можните решенија кои би можеле да ја забават или спречат нејзината прогресија.

Меѓу ветувачките комбинации се издвојуваат омега-3 масните киселини и витаминот Б12.

Овие хранливи материи често се нарекуваат „комбинација против Алцхајмерова болест“, бидејќи се смета дека го намалуваат воспалението, ја поддржуваат нервната функција и ја спречуваат атрофијата на мозокот, а со тоа се борат против когнитивниот пад.

Патрик Холфорд, истакнат експерт за исхрана, ги коментирал нивните придобивки и ја истакнал важноста од консумирањето на овие хранливи материи за зачувување на когнитивното здравје.

Тој верува дека сегашните 73 отсто од Алцхајмеровата болест може да се превенираат.

Холфорд споделил и совет за таканаречениот „S.M.A.S.H“ метод кој вклучува лосос, скуша, инчуни, сардини и харинга. Овие масни риби се неопходни за одржување на здравјето на мозокот, но и суплементацијата може да биде корисна, особено со оглед на тоа што постарите луѓе често се помалку способни да го апсорбираат витаминот Б12, кој најчесто се наоѓа во месото, рибата, јајцата и млекото.

Затоа, ако не сакате риба, ви преостануваат суплементите.

Исто така, Холфорд истакнува дека веганите треба да обрнат посебно внимание на внесувањето на витамин Б12, бидејќи често може да имаат недостаток.

Исто така, важно е да се напомене дека истражувањата покажуваат дека омега-3 масните киселини и витамините Б функционираат синергистички – едното не функционира без другото.

„Студијата на Универзитетот во Оксфорд покажа дека луѓето со состојба пред деменција кои консумирале витамини од групата Б заедно со омега-3 имале дури 73 отсто помало намалување на мозокот за само една година“, истакнува Холфорд.

Храна за мозокот

Омега-3 масните киселини играат клучна улога во функцијата на мозокот и одржувањето на когнитивното здравје.

Со други зборови, ја зајакнувате менталната јасност и ефикасност.

Зголеменото ниво на омега-3 може да го подобри капацитетот на мозокот, додека нивното намалување може да доведе до вистинско намалување на волуменот на мозокот.

Овие важни масни киселини се наоѓаат во масните риби како што се лососот, скушата и сардините, но и во растителни извори како што се чиа семе, ленено семе, јаткастите плодови и алгите.

Од друга страна, витаминот Б12 може да се најде во храната како говедскиот црн дроб, школките, јајцата, млечните производи, но и во рибите како пастрмка и туна. За веганите и вегетаријанците, одлични алтернативи се нутритивниот квасец и млекото од растително потекло.